2win800x200

Отстранета опасната бандера во Јенимаале, граѓаните пријавуваат друга на „Мирка Гинова“

Август 09, 2018

Отстранета е бандерата на улицата "Цветан Димов" во битолско Јенимаале, која беше навалена и претставуваше опасност за жителите и сите минувачи, а дел од жиците висеа на улица.

По реакциите на социјалните мрежи на  граѓаните кои живеат во овој дел на Битола, како и на граѓански активисти, но и членови во битолскиот Совет,  до надлежните институции, бандерата е отстранета.

Фотографиите до редакцијата на апла.мк ги испрати Драган Велјанов, граѓански активист од иницијативата Биста, кој претходно случајот го пријави во Општина Битола со барање надлежните веднаш да интервенираат или Општината да им наложи на оние на кои им издала дозвола за поставување на бандерата, да ја отстранат за да не се предизвикаат дополнителни штети или човечки жртви.

Веднаш по неговата пријава, бандерата беше остранета.

bandera jenimale1

bandera jeni maale2

Деновиве,  до редакцијата на апла.мк пристигна уште една реакција, овој пат од жителите на улицата „Мирка Гинова“ кои се соочуваат со ист проблем, навалена бандера која е опасна за нив и за сите минувачи. Велат дека досега пријавиле неколку пати, а состојбата е ваква веќе 3 месеци. 

Бараат надлежните и овде итно да интервенираат за отстранување на бандерата.

mirka ginova foto1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани