2win800x200

ПОДДРШКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ РУСТЕМОВСКИ КОЈ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОКС

Септември 30, 2023

По повод големиот успех на битолчанецот Ален Рустемовски на Балканското првенство во бокс во Албена, каде Рустемовски освои бронзен медал, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испрати искрени честитки, најавувајќи финансиска поддршка, како понатамошен мотив и поттик за нови, спортски успеси:

„Уште еден наш битолчанец го потврдува спортскиот потенцијал на градот. Честитки за Ален Рустемовски, кој овојпат ни донесе бронзен медал од Балканското првенство во бокс. Општина Битола продолжува да биде силна поддршка за сите спортисти кои покажуваат врвни резултати! Како мотив и понатамошен поттик, Ален ќе биде награден од мене со максимално дозволената финансиска поддршка од градоначалник во висина од 50.000 денари, а ќе поднесам иницијатива и Советот на општина Битола да донесе измени и дополнувања на Програмата за спорт и млади, со кои ќе овозможи дополнителни финансиски средства за новите програмски, спортски планови на Ален“, стои во честитката на градоначалникот Коњановски.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани