АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несекојдневен настан се случи денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода.
Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни. Пред присутните министерката Петровска соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми кученцето, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.