2win800x200

Нов паркинг кај улиците „Цане Василев“ и „Кочани“

Јуни 13, 2023
Општина Битола започна со работни активности на терен за реализација на проектот „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“.
После комплетното расчистување на овој простор и отстранувањето на нелегално поставените времени објекти, со реализацијата на проектот ќе се овозможи уредување на долгогодишно запуштениот простор и ќе се изгради нов паркинг простор за 34 автомобили на површина од 1130,71 метри квадратни.
Во моментот се работи на канализационата мрежа и одводнувањето во должина од 112,4 метри. Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани