2win800x200

Коњановски вели дека разликата во плата ќе ја донира на ранливи категории на граѓани и семејствата на „уставобранителите“

Мај 31, 2023

БИТОЛА – Наместо коректна политичка битка, несогласувањата и нападите меѓу претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска и битолскиот градоначалник Тони Коњановски продолжуваат со „тешка артилерија“ од клевети, навреди, вистини и полувистини.

Така на денешната седница на Советот на дневен ред за препукувањеа стаса и платата на градоначалникот Коњановски, па претседателката Илиевска рече дека градоначалникот бара од Советот да му изгласа покачување од 78 отсто за да се примени одлуката на Уставен суд. Илиевска се надоврза на бурата од реакции во јавноста по одлуката на Уставниот суд.

„Иако во јавноста се реагира на таквите покачувања на плати ние денес имаме таква точка на дневен ред“, рече Илиевска.

Градоначалникот Коњановски возврати дека Илиевска ја извртува вистина во ситуација кога Вишиот државен инспекторат за локална самоуправа утврди дека таа згрешила во водењето на 26. седница на Совет и кога незаконски ја прекина и предизвика политичка криза. Коњановски повторува дека покачувањето на платата ќе биде донирано на семејствата со ниски месечни примања, ранливите категории на граѓани, семејствата на „уставобранителите“.

„Претседателката на Советот, несакајќи да работи во интерес на Битола и битолчани, продолжува да спинува, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд, исто како што не го признава решението на Државниот инспектор за локална самоуправа и изјавата на министерот со кои се потврдува дека таа не ги почитува законските прописи“, рече Коњановски и објаснува дека поради донесената одлука на Уставниот суд е поднесено барање за зголемување на платата

„Ќе ја потсетам претседателката, дека моја должност е да работам законски, во интерес на граѓаните кои ми ја дале довербата, а токму затоа уште на 31 март, јавно објавив дека разликата на средствата од сегашната плата, до покачувањето, ќе бидат донирани“, возврати Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани