2win800x200

Богоевска добитник на наградата „Тоде Петревски“-Полуписмените го киднапираа новинарството и ја унаказија новинарската професија

Мај 30, 2023

Полуписмените го киднапираа новинарството и ја унаказија новинарската професија заради лични интереси, рече новинарката Маја Богоевска добитник на локалната награда за новинарство „Тоде Петрески“ која по 19 пат се додели во Битола во чест на новинарот на Радио Скопје, дописник од Битола, Тоде Петрески, кој прерарно замина од овој свет. Наградата ја установи и ја доделува локалниот Битолски весник. 

Можно е да е слика од 3 луѓе и текст

Богоевска денеска порача дека треба го вратиме достоинството на професијата „за еден ден, како што рече, да кажеме: Новинар – колку гордо тоа звучи! 

-Голема е честа за мене што ја добивам наградата која го слави името и делото на доајенот на битолското и македонското новинарство, Тоде Петревски, синоним за храброст, пример како треба еден новинар да се бори за вистината. Изразувам огромна благодарност до семејството на Тоде Петревски и нашиот хроничар „Битолски весник“. Оваа награда ја чувствувам како залог да се борам, особено против полуписмените, кои што го киднапираа новинарството ја унаказија професијата новинар заради свои лични сопстевни интереси. Да се борам во просторот каде манипулацијата со вистината е огромна – интернетот. Затоа знаењето и искуството кое сум го стекнала овие две децении, ревносно и несебично  го пренесувам и ќе го пренесувам на младите генерации. Да го вратиме достоинството на оваа професија-новинар колку гордо звучи, рече  Богоевска на свеченото доделување во Битола.

Наградата беше врачена во присуство на семејство на Петрески, двете ќерки и внукот. Помладата ќерка на Петрески, Даниела Петровска Матевска, инаку професорка по македонски јазик и литература, веќе е присутна во јавноста со пишување на колумни во порталот Апла.мк.

Нема достапен опис.

-19 години се доволно за да можеме да скенираме една вистина, го одржуваме споменот за мојот татко, за Тоде Петрески кој даде еден голем личен професионален белег на новинарството во Битола, Македонија и во Бивша Југославија, бидејќи не беше само новинар дописник од Битола, туку новинар на Радио Скопје и дописник на повеќе светски агенции. И јас, иако сум професор по македонски јазик веќе пишувам колумни и се обидувам да бидам присутна во јавноста, не само заради себе, туку и заради името на татко ми Тоде Петрески кој што е мој најголем животен идеал, рече Петровска.  

Богоевска се занимава со новинарство над 20 години, како новинар  во една од локалните телевизии, а до скоро и дописник за националната телевизија ТВ Сител. Неколку години беше дописник за Радио Канал 77, како и за веб страницата Македонски медиа сервис. Од неодамна основач е на онлајн магазинот „Читај бе”.
Нема достапен опис.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани