АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 30 март 1922, во Битола е роден Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Основно и средно образование учеше во родниот град. Уште тогаш стана приврзаник на напредното комунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше учесник во антиокупаторското движење од окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија. Кратко време замина на студии во бугарскиот главен град Софија. Во 1942 г. беше уапсен, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево на 1 септември 1944 г. како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада.
Подготвил: проф.д-р Александар Литовски, историчар