2win800x200

На денешен ден почина Лазо Хаџи Поповски, учесник во НОБ

Февруари 27, 2023

На 27 февруари 1999 година во Битола почина Лазо Хаџи Поповски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, учесник во Антифашистичката војна, чевларски работник. Роден е на 17 март 1917 година во Битола. Вклучен во прогресивното работничко движење во Битола од пред Втората светска војна, а по 1938 г. е особено активен, кога стана и секретар на Чевларската секција на УРС (Удружени раднички синдикати, всушност прокомунистичките синдикати во кралска Југославија). Од крајот на 1940 г. е член на КПЈ. Од 1941 г. член на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Еден од организаторите на Илинденската демонстрација во Битола во 1941 г. кога ги изработува транспарентите кои беа носени низ битолските улици. Од есента 1941 г. е одговорен за техниката и илегалците. Во почетокот на 1942 г. стана член на Окружниот комитет на КПЈ за Битола, а заради искомпромитираност во врска со убиството на полицискиот началник  Ќурчиев, по 15 април 1942 г. е испратен на партиска работа во Прилеп, па во Егејскиот дел на Македонија за поврзување со КПГ и на крајот во Скопје, Куманово и Битола. Подоцна е назначен за заменик политкомесар на ПО „Даме Груев“ и заменик политкомесар на Втората оперативна зона на ГШ на НОВ и ПОМ. По војната извршува разни општествени и политички раководни должности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани