2win800x200

На денешен ден е убиен Томаќи Димитровски, учесник во НОБ

Август 28, 2022

На денешен ден, 28 АВГУСТ 1944 година 

Во село Морани, Скопско, е убиен Томе ДИМИТРОВСКИ-Томаќи, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден во Битола на 1 септември 1922 г.

Уште како ученик во Битолската гимназија во предвоениот период стана припадник на југословенската младонска комунистичка организација СКОЈ. Се запиша на Правниот факултет во Белград, Србија, но откако е окупирана Македонија во април 1941 г., се врати во родниот град. Се истакнува како еден од најактивните дејци во организирањето на антиокупаторска и антифашистичка борба.

Во април 1942 г. е во борбениот строј на првиот битолски партизански одред „Пелистер“. Во септември 1943 г. стана член на првиот Народноослободителен комитет (НОК) во Битола, кој, всушност, е првиот орган на новата македонска власт во градот. Откриен и уапсен од бугарската окупаторска полиција, а потоа е осуден на доживотен затвор. Казната ја издржува во затворот во Идризово, Скопско. По бегството на политичките затвореници од затворот во август 1944 г. стана борец во Третата македонска народноослободителна бригада.

Загина во борбите на оваа единица со бугарските војски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани