2win800x200

Ламбе Алабаковски префрлен во домашен притвор

Јуни 09, 2022
По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски, мерката притвор Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор.
 
Алабаковски попладнево го напушти притворското одделне во Затворот во Битола и  е спроведен во неговиот дом каде ќе ја издржува мерка.
 
Ова за апла   го потврди адвокатот на Ламбе Алабаковски Дарко Стефановски.
 
Од полициски извори дознаваме дека неговиот дом веќе е под полициско обезбедување и него ќе го контролира СВР Битола. 
 
34 годишниот поп пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, во саботата утрото кога изгоре влезната врата од објектот. Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото слобода за Ламбе
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани