2win800x200

Состојбите во македонските затвори се менуваат , но потребно е уште многу работа- научна конференција во Битола

Мај 11, 2022

Состојбите во македонските затвори се менуваат , но потребно е уште многу работа за подобрување на условите. Целта на затворската казна не е само некого да го затвориме и да го заборавиме, туку  повторно да се интегрира  во општеството, посочија експертите на денешната меѓународна конференција „Третманот на осудените лица, како до успешна ресоцијализација “,  што се одржа на  Правниот факултет во Битола.

„Ние кај нас разговараме, замислете, за материјални услови и подобрување на објектите на казнено-поправните установи, а говорничката од Финска зборува за смарт затворот или од Естонија за дигитализација на затворите.Во овој дел имаме многу работа, тоа го нотира и Комитетот за превенција од тортура во своите извештаи, но покрај критиките дава и позитивни забелешки дека се менува и пристапот и материјалните услови во казнено-поправните установи. Не може сите оддеднаш да се подобрат, една по една, но најголемите забелешки се насочени кон Идизово, каде треба се̍ уште да се работи многу во однос на материјалните услови“, рече професорката Ангелина Станојоска од Правниот факултет од Битола.

слика 1

Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции рече дека ресоцијализацијата на осудените лица кај нас не е на задоволително ниво, но дека се прават максимални обиди да се подобри ситуацијата.

„Ресоцијализацијата има за цел намалување на рецидивите и и повратниците во казнено-поправните домови. Имаме изготвено програми по кој работиме, разменуваме искуства со меѓународни институции. За жал, не е на задоволително ниво, но вложуваме максимални напори да ја постигнеме целата. Соработуваме со Министерството за образование, имаме образовни програми низ кои минуваат осудени лица, учење на занети и слично. Главен проблем е невработеноста. По излегувањето до затвор не знаат што да прават и можеби тоа е една од причините што ги повторуваат кривичните дела за кои веќе излежувале затвор“, рече Спасовски.280058412 408650904196800 5149809793541826756 n

Сепак, има примери на осудени лица кои завршиле обуки за готвачи, пекари, машино бравари, , се вработиле, создале семејства кои ги издржуваат толку од занетот и образованието што ги сеткнаа во казнано-поправите домови.280247526 1080862452774660 2302559899481342448 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани