АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Битола е подготвена за првите директни, непосредни, внатрепартиски избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат в недела, на 21 март.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19, а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Во Битола, од над 6.000 ажурирани членови на СДСМ, правото да гласаат го избрале 5.222 социјалдемократи. Ќе се гласа во 17 избирачки места кои ќе бидат отворени од 8:00 до 19 часот.
Членовите што ќе гласаат, со себе задолжително треба да ја имаат електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација - лична карта или пасош.
Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ поставува нови демократски стандарди во политичкото дејствување. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ.
На 21 март, в недела, гласаме за новата политика на СДСМ. Политика со која секој од нас ќе може да даде и повеќе и подобро“, информираше портпаролката на СДСМ Битола, Невена Димовска.
Заврши процесот на ажурирање на членството во прогресивната, европската и модерната СДСМ која секогаш е во служба на граѓаните, рече на денешната прес конфернеција Невена Димовска, портпарол на СДСМ-Битола.
„Досега, над 70. 000 членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата. Во ОО на СДСМ Битола и понатаму можат да ни се приклучат нови членови бидејќи остануваме отворени за сите оние кои ги поддржуваат нашите политики и идеали. Следува процес на издавање на новите дигитални членки книшки и реализирање на првите внатрепартиски избори, по највисоките демократски и организациски стандарди. На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија! Им се заблагодаруваме на нашите другари и другарки и целото членство за ангажираноста, мотивацијата и желбата за реализација на овој револучионерен, пионерски чекор во партиското дејствување. СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата“, рече Димовска.
Од СДСМ подочуваат дека завршувањето на процесот на ажурирање на членството во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се однесува само на оние членови кои сакаа да учествуваат во гласањето за избор на Претседател на СДСМ кое ќе се одржи на 21 март. Сите членови на партијата кои не се реевидентирале од различни причини до 25 февруари годинава, истото може да го сторат во просториите на СДСМ.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна постапка за ажурирање на членството и регистрација на секој член. Постапката, според утврдена процедура ќе се спроведува до 25 февруари. Во овој период претставници на сите месни одбори на партијата, ќе го контактираат секој наш член, соопшти Невена Димовска, портпарол на СДСМ во Битола.
„Секако, добредојдени во партиските простории, секој работен ден претпладне и попладне, се и сите граѓани кои сакаат да бидат дел од СДСМ и да се зачленат во владеачката партија. Овој современ процес ќе биде заокружен со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Тоа е уште еден пионерски чекор на СДСМ во политичкото живеење во земјава, чекор со кој партијата уште повеќе се демократизира и модернизира со единствена цел – подобро да им служиме на граѓаните.
Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кој го прави СДСМ и треба да биде крунисан со непосредниот избор на партиски претседател. Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди. Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас“, рече Димовска.
Од денес почнува примената на така наречените брзи тестови кои Центарот за јавно здравје ги набави со пари од Општината. На предлог на градоначалничката, Наташа Петровска, а со едногласната поддршка од Советот на Општина Битола, обезбедени се средства за најмалку 2000 брзи тестови за дијагностицирање на ковид -19. Тестовите се бесплатни за граѓаните и ќе се реалзиираат преку матичните лекари и Мој термин, рече Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола
„Донацијата од Општина Битола во вистина од 20.000 евра за Центарот за јавно здравје - Битола, ќе им овозможи на граѓаните брза дијагноза, односно за многу кратко време, од 15 до 20 минути, граѓаните ќе ги имаат резултатите. Тоа ќе обезбеди брза интервенција и на лекарите, и секако можност граѓаните да го заштитат сопственото, здравјето на своите најблиски и јавното здравје“, рече Димовска.