2win800x200

Младите социјалдемократи го потсетија градоначалникот Коњановски на ветувањата за студентите

Октомври 02, 2023

Им посакуваме успешен старт на академската година на сите студенти запишани на државните и приватните универзитети ширум државата. Ве убедуваме дека само со голем труд и напорна работа може да се добие знаење кое ќе допринесе за развој на нашата држава.

 
Денес Градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на првиот академски час, но заборави да признае пред студентите дека сеуште не ја има реализирано Иницијативата за еднократна финансиска поддршка на студенти од социјално загрозени категории на семејства кои студираат на УКЛО донесена на 09.01.2022 година од страна на Советот на Општина Битола.
 
Заборави да признае и дека студентскиот парк е само уште едно празно ветување.
 
ЛК СДММ БИТОЛА е секогаш на страната на студентите!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани