
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека вечерва е стабилна хидролошката состојбата на реките и каналите во Општина Битола.
-Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите локации. Состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население.
Македонскиот културно-информативен центар во Софија годинава повторно е дел од европската поетска сцена на 10-то јубилејно издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“, кое се реализира од 18 ноември до 15 декември 2025 година, велат од КИЦ во Софија. Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, се нагласува, ги спојува европските литературни традиции во едно живо ткаење.

-И таму, меѓу сите тие гласови, Македонија стои исправена, препознаена, чуена, со својот јазик како штит, како дар, како белег на постоењето. Годинава нашата земја на предлог на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е претставена со моќната кратка песна „Јазикот“ од Михајло Свидерски, дело што говори со таа непокорна и тивка сила што само малите, но горди народи умеат да ја носат. И токму тие стихови, гордо и јасно го одекнаа македонскиот јазик, јазикот што носи корен, историја, болка, љубов и непокор. Меѓу големите европски имиња – Хесе, Киплинг, Милош, Вретакос, Гимараеш, Стенеску, Метелус, стои и Михајло Свидерски, рамноправен, гласен, своеобразен. И така, во мозаикот на европските поетски традиции, македонскиот глас не се губи, напротив, се издига. Се издвојува. Се памети, информираат од КИЦ од Софија.



Во рамки на светските одбележувања за 150 години од раѓањето на Морис Равел, Europe House Bitola, заедно со Alliance Française – Битола, Institut Français – Скопје и Почесниот конзул на Франција во Битола, создаде концертно доживување што ги спои класичниот звук и современата електронска призма во една заедничка линија. 

ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НУПНАУ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ РАЗГОВАРАА ЗА ЕУ ПОДДРШКАТА НА БИТОЛА 
ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАНА 81 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА