
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Доцна синоќа советничкото мнозинство изгласа промена на претседателите на шест комисии на Советот на Општина Битола. На местото на советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, изгласани се претседатели од Коалицијата на СДСМ и од редовите на Поинаку.
На челното место на Комисијата за спорт и млади на кое беше Зоран Петковски, сега е назначен Борче Корлевски од СДСМ. На местото на Бојан Бојковски во Комисијата јавни и комунални дејности поставена е Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ. За претседател на Комисијата за економски развој доаѓа Елизабета Тодоровска од Демократскиот сојуз на Власите, на местото на Лидија Павловска. На Комисијата за јавни дејности Јадранка Павловска од СДСМ наместо Марица Тодоровска, на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина Жаклина Наумовска од СДСМ на местото на Ѓорги Ѓоргиевски. Промени има и во Комисијата за туризам која наместо Бојан Бојкоски во следниот период ќе ја води Иван Чулакоски од Поинаку.
Со ова за првпат Комисиите за јавно и комунални дејности и урбанизам ќе ги водат жени.
Ж.З.
До доцна во ноќта Советот на Општина Битола распраше по предлозите за покачување на цената на водата за пиење за периодот од 2024 до 2026 година, но советничкото мнозинство гласаше против. Да не дојре до поскапување на цената гласаа советниците од СДСМ со колалицоните партнери, Поинаку и Левица, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.
Од Советот беше побарано да донесе одлука за поскапување на водата за пиење за 6,9 денари за домаќинствата и 5,2 денари за претпријатијата за 2024 година. Според тоа, домаќинствата наместо 31,78 денари за кубик вода ќе требаше да плаќаат 38,71 денар, а фирмите од 52,80 на 58,07 денари. Покачувањето на цената во 2025 и 2026 година ќе беше помало и ќе се движеше од 0,9 дени до еден денар за метар кубен вода.
-Кога неправдата и партизацијата стануваат правила на однесување , отпорот станува должност. Токму заради тој ОТПОР, денес од оние кои така се однесуваат беше побарано мое разрешување од позицијата Претседател на Совет на Општина Битола, напиша на ФБ претседателката на Советот, Габриела Илиевска
„ВМРО-ДПМНЕ изгуби се во овој град. Го изгубија мнозинството во Советот, денес ќе ги изгубат и претседателите во комисиите. Утре ќе го изгубите бројот на членови во Комисиите, за неполни два месеци ќе ги изгубите и членовите во Управните одбори. Тоа е реалноста во Општина Битола. Денес ние ќе гласаме негативно за програмите на јавните претпријатија. Ние нема да поддржиме субвенции за јавни претпријатија освен за Пела Линк, покачување на цена на услугите на претпријатијата не ни поаѓа ни на памет. А вие нема ва се справите со сето ова. И ќе ги оставите и ќе избегате како ѓавол од темјан и од јавните претпријатија и од Општина Битола. Ние ќе ја исправиме Општина Битола напред како што ја водевме четирите години. Нема да дозволиме да се случи хаварија никаде ни во Општината, ни во јавните претпријатија, рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ од Битола на денешната седница на Советот.
Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Тони Коњановски:
Денес и официјално бевме сведоци на новата коалиција во Советот на општина Битола, составена од СДСМ и Поинаку, што има јасна тенденција на пресликување на деструктивната централна политика на локално ниво.
И за едните и за другите, главен приоритет е незаконското работење, партизацијата на институциите и блокирање на локалната самоуправа преку оневозможување на реализација на општинските програми, кои произлегуваат од приоритетите на нашите сограѓани, на битолчани од кои сме избрани сите да дејствуваме во интерес за остварување на истите.
Советничката Габриела Илиевска, продолжува да делува како продолжена рака на СДСМ, до скоро неодлучна во своите приоритети кои никако не им одат во прилог кон остварување на потребата на граѓаните од кои што е изгласана, такашто, нејзиното незаконско работење, денес е наградено со поддршка од СДСМ и покрај бројните решенија и дописи од државниот инспекторат за локална самоуправа, за прекршување на Деловникот за работа од страна на Илиевска.
Новата коалиција, која месеци наназад неофицијално се препознаваше, денес се потврди со неизгласувањето на разрешувањето на советничката Габриела Илиевска, од позицијата Претседател на Советот на општина Битола.
Зад ваквото делување, не постојат чесни намери и тоа лесно се препознава.
Мојата конструктивност, за која сум избран од граѓаните, продолжува и токму затоа со поддршка од општинската администрација, изготвени се предлог програми кои не се популистички, туку реални потреби за 2024 година за продолжување на инфраструктурните проекти, поддршката на спортот, социјалната заштита, образованието, културата.
Зад секоја кочница на реализацијата, одговорноста пред граѓаните, ќе мора да ја понесе новата коалиција на СДСМ и Поинаку која повеќе од очигледно е долго време планирана па оттаму доаѓа и одговорот зошто проектите и општинската работа во континуитет се кочат.