Анета Блажевска

Анета Блажевска

БИТОЛА МЕЃУ ТОП 5 ЛОКАЦИИ ВО ЕВРОПА КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ПОСЕТАТ

 
Веб сајтот timeout.com, за кој работат локални новинари и експерти и кој е дел од компанијата Time Out, основана уште во 1968 во Лондон, објави статија со наслов „Најпотценетите дестинации во Европа за 2026 година – скриени бисери подалеку од толпите“. На оваа листа, од предложените 24 локации, Битола се наоѓа на четвртото место како прекрасна дестинација за голем број посетители кои може да уживаат во прекрасната архитектура и во познатиот град на конзулите да ја почувствуваат историјата која блеска од секој агол.
 
Повеќе информации за оваа статија може да се прочитаат на следниот линк https://www.timeout.com/europe/travel/most-underrated-travel-destinations-europe.
 
Токму ваквиот контекст со кој Битола станува европски и светски препознатлива е потврда за оправданоста на инвестициите со кои локалната самоуправа неодамна инвестираше во осветлување на најпознатата и најамбиенталната улица во Битола, Широк Сокак (https://www.facebook.com/share/v/1DGKwr4T45/).
 
Исто така, оваа локална самоуправа после 10 години, во 2023 година, изготви нова Стратегија за локален економски развој, со која беа детектирани сите недостатоци и потреби за економски и туристички напредок на Битола, вклучувајќи и инвестиции во потепелистерието кои се од голема важност за промоција на Битола како туристичка дестинација.
 
Овој стратешки документ (https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/Стратегија-за-локален-економски-развој-2023-2027.pdf), во значителна мера придонесе за воочување и на голем број проблеми на терен за кои претходно недостасуваа податоци, што подразбира изработка на нови и измени и дополнувања на затекнати проектни документации.
 
Ваквите објави кои ја промовираат Битола во своето најдобро светло, истакнувајќи ја убавината на нејзината архитектура и пелистерското богатство, претставуваат силен мотив за нови инвестиции, дури и кога тоа подразбира повеќегодишна и макотрпна работа.

Димитар Атанасовски апсолвент на Педагошкиот факултет во Битола ја доби награда за „Најдобар труд на студентската конференција“,  организарано од Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, а поддржано од Амбасадата на Народна Република Кина. 

Димитар

Атанасовски е поранешен претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО, а на настанот во Битола присуствуваше и амбасадорката на Народна република Кина Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan).

 

„Една од компонентите кои го составуваат студентот е истражувањето и придонесот кон науката и затоа се пријавив да учествувам на годишната студентска конференција УКЛО КОЛОРС која се одржа на 17 декември 2025 година. Таму учествував со научен труд со наслов „Word Shortenings in Gen Z Slang:IYKYK“ под менторство на д-р Елена Шалевска. Најдобрите резултати се објавуваат во списанието „Нови хоризонти“, но оваа година како и минатата, најдобрите трудови се наградени со признание „Најдобар труд на студентската конференција“ и парична награда од 8.000 денари“, изјави Атанасовски за АПЛА.

Оваа награда се доделува на студентите во три категории: Прва категорија - Студентска извонредност; Втора категорија - Највисок успеј во студирањето; Трета категорија - Најдобар труд на студентската конференција.

„Сите овие награди се доделени со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина на отворениот ден организиран на мојот Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола. Наградата за мене претставува мотивација за продолжеток со истражувачката дејност како и признание за зачетокот на својата истражувачка кариера. Особено сум благодарен до својот ментор и до својот универзитет кој втора година по ред организира вакво наградување за студентите со поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина. Со ваквите настани се поттикнуваат и охрабруваат студентите и се доказ дека Универзитетот чекори на правиот пат. Инаку, мината година кога воедно беше организирано за прв пат вакво доделување, бев добитник на наградата „Највисок просек во студирањето“, изјави апсолвентот Димитар, додавјќи дека ваквите моменти се тие што им даваат мотивација на еден студент и млад човек да продолжи да работи повеќе и да напредува.

Димитар Атанасовски

Димитар Атанасовски и ректорот Игор Неделков

Анета Блажевска 

 

Има проблем во изградбата на автопатот Прилеп-Битола и тој проблем наводно бил во вилите што биле изградени од богати луѓе во близината на Прилеп. Ова го тврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во разговор за „Курир“.

„Имаме само една опструкција. Се работи за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Имајќи предвид дека на целата траса помеѓу Битола и Прилеп затоа што е рамничарска положбата, поминува низ Пелагонија, не може да се најде материјал со којшто може да се гради овој автопат. Локацијата е во близина на месноста Ореовец. Таму има десетина буџовани кои ги штитат своите хациенди и вили и не му дозволуваат на изведувачот да пристапи кон наоѓалиштето, иако тоа му го дозволуваат на приватниот изведувач којшто има наоѓалиште во соседството“, рече Николоски.

Според него, штетата за буџетот може да достигне до 100 милиони евра, бидејќи морало да се купува материјал од приватни каменоломи и да се плаќа за транспорт. Тие пари, според него може да се вложат во регионот за трансформација. „Јасно е таму дека има агенди, само се прашувам дали се агендите бизнис и политички или се само бизнис“, вели Николоски.

Статуи на Широк Сокак! Битола пулсира во ритамот на Интернационалниот фестивал на монодрамата во организација на Центарот за култура- Битола
Фотограф : Кети Талевска
 
677913989 1385552563604939 4259125672006775413 n
678354385 1385552893604906 8293216615434050556 n
678968695 1385552636938265 186382260581729156 n
679646223 1385552970271565 4776268348095931689 n
677848671 1385553270271535 8264554194524755158 n

Гламурозно отворање на 27 Интернационален фестивал на монодрамата во Битола. Свечено отворање со настапот на Бојан Стојков и

stand-up комедијата „Менопауза“ и настапот
на Тијана Дапчевиќ
 FB IMG 1777011205245
 
Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Отворањето беше организирано во два дела , прво на отворено, пред НУ Центар за култура , а потоа и со официјална програма на Големата сцена.
Во воведниот дел пред Центарот за култура, за значењето и традицијата на фестивалот се обрати долгогодишната соработничка и поддржувач на фестивалот, Љупка Коларова Пајевиќ, која веќе 26 години е дел од оваа театарска приказна. Атмосферата дополнително ја разубави мини концертот на Бојан Стојков, кој изведе песни од легендарниот Фреди Меркјури.
Со свечени зборови фестивалот беше официјално отворен, најавувајќи богата програма исполнета со врвни монодрамски остварувања од различни делови на светот. Оваа година фестивалската програма носи 13 монодрами од 10 земји: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија. Публиката секојдневно ќе има можност да проследи по три претстави, а новина годинава е и „Бар сцената“, нов експериментален простор во салата на поранешната кафеана, каде ќе се изведува по една претстава дневно.
Фестивалот беше отворен со урнебесната монодрама „Менопауза“, во изведба на Тијана Дапчевиќ, духовит и искрен стенд-ап за темите за кои жените често зборуваат тивко, а на сцената конечно се отвораат со многу хумор и самоиронија. Со искреност и без задршка, претставата ја насмеа публиката до солзи и донесе одличен почеток на фестивалската недела.
Годинашното издание носи уште една новина, снимање на документарен филм од околу 50 минути, кој ќе ги забележи сите значајни моменти од фестивалот, од подготовките па сè до доделувањето на наградите.
Фестивалската програма ќе заврши со претставата „Гидионовиот јазол“ на сцената на НУ Народен театар - Битола, кога ќе бидат доделени и фестивалските признанија, вклучувајќи ја и највисоката награда -Гран при.
Битола повторно живее во ритамот на монодрамата, уметноста на еден актер, една сцена и една силна приказна.
Фото Сашо Ставрев  FB IMG 1777011271289

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани