Анета Блажевска

Анета Блажевска

Акциска контрола во Битола, затекнати 23 малолетници после 24 часот и 7 под дејство на алкохол


 На 04.05.2025 во времето од 21.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола во Битола  спроведија акциска контрола во угостителски објекти и клубови при што во билјард клуб лоциран на ул.„Климент Охридски“ -Пелагонка 2 затекнати биле  8 деца после 24.00 часот, во билијард клуб лоциран на ул„Булевар 1-ви Мај“  затекнати биле 2 деца после 24.00 часот , а додека во клуб лоциран на ул.„Бел
градска“ затекнати биле  13 деца од кои кај 7 е констатирано присуство на алкохол. Децата биле предадени на родителите при што по документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави. 

МВР информира дека вчера попладне во 15.54 часот над с. Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци.

Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.05.2025 во 20.20 часот во СВР Битола, М.Р.М.(39) од Битола пријавила дека во атар на с. Крстоар, во близина на Крстоарски манастир, K.Ѓ. (19) со пластичен пиштол на дијаболи го погодил во ногата нејзиниот син. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Почитувани и драги работници,

нека е честит 1 Мај! 
 
Овој ден претставува симбол на борбата за работничките права, за достоинствен живот и за подобри услови за сите. Вие сте наше најголемо богатство и затоа наша обврска како општество е постојано да ги унапредуваме условите за работа, да го цениме вашиот труд и да го поддржуваме вашиот развој. 
 
Ви посакуваме добро здравје и успеси на личен и на професионален план. Нека вашиот труд биде препознаен, ценет и награден.

Во недела на 4.05. во 20 часот, свечено отварање на Спомен- куќата ,,Гоце Делчев" во Битола, информираат од Завод и музеј Битола 

 

Во пресрет на сезоната на излети, денес работевме на уредување на просторот околу Ротинско езеро и Манастир Св.Пророк Илија во село Ротино. -Во деновите кои претстојат на задоволство на сите љубители на природата согласно временските услови на терен, ќе продолжиме со уредување и на други познати излетнички места.

Почитувани љубители на природата,
Не заборавајте дека најдоброто место за одлагање на отпад во природа е вашиот ранец, велат од НП Пелистер Битола.
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани