Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.

Случаи на шест заболени ученици шуга од Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар биле пријавени во Центарот за јавно здравје во Битола. Според соопштението на Центарот за јавно здравје, учениците се на возраст од 17 и 18 години, а случаите биле пријавени во петокот.

Учениците од средното  медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ Битола, денеска го одбележаа Меѓународниот ден за борба против гладта. Медицинското училиште цела недела е вклучено во активности за тоа како да се подигне свеста кај младите за рационално третирање на храната и искоренување на гладта. Група ученици денеска со дел од професорите се собраа на едукативна и интерактивна работилница во еден од битолските расторани.  

-Сакам да истакнам дека ова е еден сериозен светски проблем. Нашето училиште започна со активностите по повод Меѓународниот ден на храната и Денот на гладта и тие активности ќе траат до крајот на оваа работна недела. Денеска нашите ученици во оваа воннаставна активност ќе бидат запознати со повеќе информации за Денот на гладта, а ќе се водат и дискусии, бидејќи на тој начин ќе ја поттикнеме свесноста   и хуманоста во борбата против гладта,што  е светски сериозен проблем,  а уште повеќе отежнат од климатските промени и нееднаквиот економски развој. Нашите ученици се застапени во овие работилници од прва до четврта година со едукација како да се помогне на социјално загрозените лица и како може да се искорени сиромаштијата преку учење и знаење, рече педагогот во Медицинското училиште во Битола, Милка Мицевска.

med2

image001

„Пет минути винимание за промена во вашите животи“ е мотото под кое денес (24.10 2018, среда)  во Битола, Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје ќе оджри бесплатен семинар за мотивација. Еднодневниот семинар ќе се одржи во големата сала на НУ Народен театар Битола во времетраење од 18 до 21 часот. Регистрацијата на учесниците е предвидена за денес од 18: 00 до 18: 30 часот. Битолчани деновиве пројавија голем интерес за присуство на семинарот, па се очекува салата да биде полна.  

Во рамките на проектот за граѓанско учество поддржан од УСАИД „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“, Младинскиот културен центар од Битола и Општина Битола, го промовираа Советот за волонтерство.

Ученици од седумте средни училишта од Битола ќе бидат дел од проектот на здружението „Ганимед“ од Битола со цел промовирање на медиумската писменост преку стимулирање на критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.

Преку проектот „Тема за дилема“, што ќе трае шест месеци „Ганимед“ ќе се обиде да придонесе за поттикнување на култура на критичко размислување преку едукација на средношколците за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности кон кои се стреми нашето општество, зголемување на капацитетот на здружението и на медиумот вклучен во проектот за справување со медиумски манипулации преку подобрувањето на медиумската писменост во соработка со средните училишта, пошироко медиумско описменување на средношколците надвор од формалното образование.

Проектот „Тема за дилема“ е дел од проектот Критинк – „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, финансиран од ЕУ, а го спроведуваат Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии „Евротинк“.

Со Хуманитарна акција во која се вклучија вработените и родителите на децата од градинките,  ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ го одбележа 16 октомври, Денот на здравата храна. На тезгите поставени на плоштадот „Магнолија“,  секој клон од оваа установа, денеска, имаше изложено домашно подготвена храна, во која еден од главните продукти е овошје или зеленчук. Битолчани масовно се вклучија во оваа хуманитарна  активност, а средствата од купените производи, се наменети за децата со ретки болести во Битола. 

Државна видеолотарија како општествено одговорна компанија се вклучи во активностите со кои денес, 16 октомври се одбележува Светскиот ден на храната и ден на борба против гладот.

Битолчани предлагаат проширување на пешачките зони во централното градско подрачје. Во истражувањето што го спорведе Здружението „Геосфера“ од Битола од 770 анкетирани битолчани, дури 63 проценти одговориле дека треба да се зголеми бројот на пешачки зони во градот.

На дадениот линк од веб страницата на РГД Геосфера-Битола прикажани се резултатите од спроведената анкета и визуелно со кликање врз картата во Google Maps, прикажани се предлог пешачките зони во град Битола по сугестија на граѓаните.

Клекнувајќи на колена со букет црвени рози во рацете 75 годишниот битолчанец Томе Галовски симболично по втор пат ја побара за жена неговата долгогодишна сопруга Лилјана (71). На ваков романтичен начин овој брачен пар од Битола деновиве ја прослави златната свадба или половина век заеднички живот. Прославата се одржа во потесниот круг на семесјството, а истата вечер Томе го славеше и својот 75-ти роденден. Блиските роднини им подарија заедничка врамена фотогрфија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани