
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку дена Битола е притисната од магла поради што и дневната температура останува околу нула степани. Покрај маглата има и значителна ниска облачност, а темературата во ноќните часови паѓа до минус пет степени. Својствено, во услови на магла и загадувањето на воздухот е зголемено, зашто маглената капа не дозволува проветрување. Според интернет страницата на Министерството за животна средина во Битола зголемени се концентрациите на ПМ10 и ПМ 2,5 честички.
Ж.З.
Нашиот кандидант за Оскар, документарниот филм „Медена земја“ повторно се прикажува на раперторот на 3D Кино во Центарот за култура во Битола.
Предвидени се проекции
Сабота 18.01.2020. 22:00
Недела 19.01.2020. 22:00
Сабота 25.01.2020. 20:00
Недела 26.01.2020. 20:00
Верни на традицијата, а и со желба да внесат среќа во животите на своите штитеници, мазник со паре се вртеше и во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Среќа да му се пади парето имаше Јован Ристевски. Инаку во Порака обичајот да се врати мазник со паре за Василица се одржува пет години откако е отворен социјалниот клуб. Во него се одвиваат бројни активности со цел поддршка на различните таленти на членовите и нивна дружба.
Во 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој.
Иако на највисоката точка на планинскиот превој Ѓавато е вистинска пролет, на неколку стотина метри на патот кон Битола, влегувате во густа магла, а видливоста е околу 200 метри.
Од денот на Христовото раѓање 7 јануари, па се до Богојавление 19 јануари се некрстени денови. Според народните верувања во тпј период по земјата шетаат духови, лоши сили и демони. Водата во овие денови е некрстена, се вели дека крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски посено за Василица ветувајќи дека на тој начин ги ркаат лошите друхови. Игрите под маски во Битола се наречени бабарски, а ги изведуваат битолските бабари. Во минатото ги имаше во големи групи од по десетина бабари, а во последните години во група по три-четворица.
Ж.З.
Бабарите и годинава го „окупираа“ пелагониското село Новаци. Облечени во кожуви и со обесени звона, маскирани во зет и невеста и други маски тие денеска ги разбудија новачани, продолжувајќи ја традицијата на обредна магиска игра за време на некрстените денови со цел да се изгонат разните лоши духови. Тајфата бабари од Новаци со игра, песна и шеги ги расположија присутните, негувајќи ја традицијата од дедо и прадедо.
Бабарите заиграа и пред зградата на Општина Новаци, каде ги пречка градоначалникот Љубе Кузманоски.



Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска и годинава беше најсреќна меѓу триесетината битолски советници кои го испочитуваа адетот и свртија мазник за Василица. Ова е втора година како ѝ паѓа парето меѓу советниците.
„Честита Василица, посакувам успех во работата на Советот, носење на добри ослуки во интерес на граѓаните на Битола, на сите битолчани успешна и среќна да им биде Новата 2020 година“, пореча советничката Наумовска. .