Анета Блажевска

Анета Блажевска

Организацијата на жени на Општина Битола во соработка со Клиничката болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март- месец на мамографија“ во која е предвидено да се снимат на новонабавениот мамограф 60 жени. Прегледот ќе биде бесплатен и ќе се изведува во текот на месец март.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски за време на седницата на Влада во Охрид побара да се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група која ќе направи увид и ќе преземи мерки поради аларматното повлекување на Преспанското Езеро.

„На седницата на Влада, имав прилика да соопштам за тековните активности на Општина Ресен и меѓу другото да предложам предлог-заклучок со кој ке се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група од надлежните институции ,која ке направи увид и ке предложи мерки и активности поради алармантното повлекување на Преспанското Езеро . Заклучокот е усвоен“, соопшти Гошаревски.

Битола, наскоро ќе добие три нови детски
градинки. Едната од нив ќе биде лоцирана во просторот на поранешниот Дом за доенчиња
и мали деца, од каде денес за понатамошните планови со овој објект информираа
дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ и заменик градоначалникот на Општина Битола, Емилија Костурски.

Истражувањата и проценките  покажуваат дека помалку од 40% од  возачите користат сигурносен појас.  Тој процент е уште помал кога станува збор за сопатници на предното седиште кои користат појас.

Во  наредните денови КЈП „Нискоградба“ ќе започне со изведба на приклучоци на колекторот на мешовита канализација од Пречистителната станица која се наоѓа над старата живинарска фарма кај село Дихово, па се до трафостаницата во селото Трново.

Поради тоа  ги повикувааме сопствениците на околните изградени и неизградени катастарски парцели на овој потег, кој се во директна близина на колекторот, да се јават во техничката служба на Нискогардба-Битола, заради законската обврска за приклучување на колекторот.

                          КЈП  "Нискоградба"-Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани