Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вчерашниот регистриран случај, носител на коронавирус, бил асимптоматски, немал клиничка слика на КОВИД19, што е загрижувачки фактор за здравствените власти. За ова денеска разговараа членовите на Општинскиот кризен штаб на состанокот со градоначалничката Наташа Петровска.

Аплаузи и благодарници за здравствените работници беа доделени денес, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. Благодарници добија и здравствените работници од Клиничката болница од Битола кои храбро се бореа да ги излекуваат пациентите од КОВИД-19. 

,,На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои", напиша Филипче.

Тој потенцира дека миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси.

,,Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи", напиша Филипче.

ФОД ДООЕЛ и НУ Народен Театар во заедничка акција донираа 500 памучни маски  за повеќекратна употреба на граѓани кои не носеа маски на Широк Сокак. 

 
 Во последните два месеца континуирано расте нивотона водата во акумулациите каде Државните Електраниимаат производни капацитети или користат делод водата од истекот на природните езера.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани