
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден од вработените во ресторанот „Две лири“ во Ресен е позитивен на КОВИД-19, објави раководителот на ресторанот на Фејсбук профилот. Пред два дена Ресен го регистрираше првиот случај на заболен од коронавирус од почетокот на кризата.
-Како раководител на ресторан кој што спаѓа на една во најранливите категории во борбата со COVID 19 ние самоиницијативно се решивме да се тестираме каде што тестовите испаднаа негативни.
Но во самото тестирање беше вклучен вработен со симптоми на грип.
Истиот беше тестиран во приватна болница во Скопје и од 2 теста касно вечерва, добивме информација дека на еден од нив за жал е позитивен.
Со цел да се заштити персоналот и сите наши муштерии ресторанот Две Лири ќе биде превентивно затворен во наредните 14 дена.
Целосно стоиме на располагање на службите со цел локализирање на ширењето, пишуваат од ресторанот „Две лири“ на ФБ.
Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани. Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна, изјсви на денешната пррс конференција Бисера Костадиновска Стојчевска, кaндидат за пратеник на СДСМ во 5 ИЕ
Во Клиничката болница во Битола хоспитализирани се 20 пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Со ова кспацитетот на Инфективното оддрление е целосно исполнет, а пациентите се од југозападниот регион, потврди министерот за здрсвство Венко Филипче.
-Во Битола одделението е исполнето поради тоа што е регионален центар, сите пациенти од тој регион доаѓаат тука. Со оглед на тоа што директорката во утринскиот разговор укажа дека нема повеќе место, сега пациентите од овој регион ќе се сместуваат во Болницата во Охрид, за што е направена координација, рече Филипче
Во Битола денес нема новозаболени лица, болеста е во тек кај тројца битолчани. Вкупно од почетокот на пандемијата до денес се разболија 30 битолчани , од кои две лица починаа, а 25 оздравеа.
Советот да донесе заклучок со кој ќе се поднесе барање до Основното јавно обвинителство и други надлежни институции за да се истражи случајот со реновирањето на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола од времето на Валдимир Талески, побара на денешната седница координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата, Методија Илиевски.
„Бидејќи мораме да ги санираме остатоците од претходната власт, предлагам во име на транспаретноста и расветлувањето на вистината до крај, да донесеме одреден заклучок за поднесување на барање до ОЈО и другите надлежни инстутуции за истражување на случајот со реновирање и реконструкција Домот за стари лица ‘Сју Рајдер’ павиљон 1 и 2. Ова барање е врз основа на договорот заверен во Министерството за локална самоуправа по број 10/117/3 од 19.12.2011 година поради постоење основи на соменвање за сторено кривично дело. Со ова сакам да се заокружат сите искажани шпекулации дека Општината нема да поднесе соодветни мерки за расветлувањере на овој случај“, рече Илиевски.
Советот на Општина Битола денес трба да изгласа зголемување на платите на пожарникарите од Територијалната противпожатна единица во Битола. Во просек зголемувањето на платите ќе биде по 1200 денари на пожарникар.