Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пожар избувнал вечерва во атарот на село Ѓавато во близина на НП Пелистер. Екипата на Противпожарната територијална единица на Битола излезе  на терен и пожарот е локализиран. Инаку неофицијално ТППЕ Битола оваа година има повеќе од 460 интервенции, 70% од нив се на отворен простор. 1000005306

Општина Битола денеска ја замени спомен-плочата на споменикот на војводата Александар Турунџев, откако јавноста реагираше дека претходно не била напишана на македонска кирилица.

Новата табла е поставена експедитивно, а текстот  е напишан на македонски јазик и со македонска кирилица.

Од локалната самоуправа порачаа дека ваквите корекции се одраз на посветеноста кон зачувување на јазикот и националниот идентитет, како и должната почит кон хероите од македонската историја.

 

Споменикот на Александар Турунџев останува симбол на борбата за слобода и потсетник за хероите кои оставиле трага во македонската историја

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА 81 ГОДИНА ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

 
Денес се одбележуваат 81 година од херојското бегство на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на локацијата каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, беше одржана комеморативна церемонија.
Настанот беше организиран од Сојузот на борци, а свежо цвеќе положија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, советници од Општинскиот совет, претставници на политички партии, како и членови на Сојузот на борци.
 
На 6 септември 1944 година се случило значајното бегство на политички затвореници од споменатиот затвор, каде биле притворани активисти од целата битолска околина, поради нивната борба во Народноослободителното и антифашистичко движење.
 
Фашистичкиот воен суд во Битола осудил повеќе од 250 лица. Над 50 биле осудени на смрт со бесење, повеќе од 20 добиле доживотна казна, а останатите биле осудени на затворски казни од една до дваесет години.
 
Неколку дена пред капитулацијата на Бугарија, во услови на распад на фашистичката власт, управата на затворот била принудена да ги отвори портите. Така, околу 120 политички затвореници успеале да избегаат. По нивното ослободување, сите активно се приклучиле во завршните операции за ослободување на Македонија од окупаторот.
 
Денешниот ден е потсетник на храброста и жртвата на овие херои, кои го положија својот живот за слободата на татковината.
Битолската гимназија "Јосип Броз Тито" доби меѓународно признание од Република Франција за успешното долгогодишно реализирање на билинглавните паралелки со изучување и афирмација на францускиот јазик. Од Гимназијата соопштија - " Со огромно задоволство ја примивме веста дека на билингвалните француски паралелки при нашата Гимназија, им се доделува Меѓународното признание Label France Éducation за квалитет во билингвалното образование.  1000005250
 
Признанието се доделува од страна на Министерството за образование на Р.Франција и Министерство за Европа и надворешни работи на Р. Франција и сме особено горди што тоа се случува на јубилејот - 20 годишнина од воведувањето на овој вид настава во нашата Гимназија. 
 
Упатуваме огромна благодарност до сите поранешни и сегашни професори по француски јазик и професорите по предметите ДНЛ од билингвалната настава, за вложениот труд, неисцрпната мотивација и посветеност кон учениците од билингвалните паралелки, како и до нашата директорка, и поранешните раководства на Гимназијата, за постојаната и безрезервна поддршка и соработка.
 
Голема благодарност до Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје, почесниот конзул на Р. Франција во Македонија и Француската алијанса во Битола, за континуираната поддршка и соработка. 
 
Исто така, изразуваме голема благодарност до сите нашите ученици, поранешни и сегашни билингвалци, кои со својата амбиција, труд и посветеност низ годините, го одржуваат високото ниво на квалитет на билингвалните паралелки во Гимназијата", објавија од битолската гимназија "Јосип Броз Тито" 

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ доби и поранешниот директор на  Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија шеесет и едногодишниот Н.Б од Битола бидејќи е осомничен дека дозволил исплата на плати на вработен во Агенцијата во Куманово кој речиси шест години не одел на работа, а примал плата.  

Екс директорот на АХВ, битолчанецот Н.Б е осомничен со уште неколку други раководители во Агенцијата. 

 

Според инофмацијата на МВР 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.

Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман. Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Агенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност. Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани