Силно невреме проследено со град,  ветар и грмежи, го зафати Потпелистерието.

Наши читатели јавуваат дека големо невреме имало и во Нижеполе кое траело половина час, а било проследено со дожд, а потоа и со град.

Во исто време дожд со грмежи имаше и во Битола

Во  Битола краткотраен пороен дожд и темни облаци. Во исто време, на запад, сонце на заоѓање го грее Потпелистерието

Во Пелагонија во изминатите 11 дена, заклучно со утрово, наврнат е воден талог од 21 до 64 литри на метар квадратен. Дождливо време ќе имаме и во наредните денови, но и следната недела, информираат од УХМР.

Пороен дожд, грмежи и град најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови.

Нeвремето во текот на ноќта со врнежи од дожд и силен ветер не предизвика поголеми штети во битолскиот регион. Од Центарот за упаравување со кризи во Битола, за Апла.мк изјавија дека кај нив, засега, нема пријави на штети, освен проблемите во снабдувањето со електрична енергија во битолските села Бач, Сливница и Скочивир.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани