
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери за општините Битола, Новаци и Могила под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница го прифати полугодишниот извештај за првите шест месеци од годинава отценувајќи дека тој е позитивен и во склоп на мерките за економично работење. Поради пандемијата одредени манифестации што беа планирани да се одржат не се одржаа, што не значи дека истите нема да се одржат доколку здравствената состојба на населението во државата биде подобро.
На седницата беа прифатени мерките и критериумите за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски примања во семејството, за што ќе се добијат податоци со акцијата за изработка на социјална карта што е во тек, а која ја извршуваат пензионери волонтери.
Во врска со градскиот превоз на пензионерите беше речено дека одредени превозни организации ги немаат продолжено договорите за превоз на пензинерите во градот, додека до селата истите договри добро се извршуваат и согласно самите протоколи за тоа.
Извршниот одбор донесе одлука со финансиски средства да даде продонес во опременувањето на просторот за потребите на пензионерите во село Кукуречани, а беше и поднесена инфомација за одржување на регионалните спортски игри на први септември во Прилеп. На седницата на ИО на здружението на пензионери согласно мерките за заштита до ковид-19 беа донесени и други одлуки за успешно функионирање во следниот период на оваа организација. 


ЈКП Водовод ги известува своите корисници дека во текот на утрешниот ден (12.08.2021) ќе има прекин во водоснбдувањето на ул. Васко Карангелевски и дел од ул. Игнат Атанасовски.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Битолчанка Јована Матевска Атанасова, е добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2021 година, на конкурсот чиј организатор е Општина Охрид. Јована ова признание го добива за расказот „Пура во Осака“ кој зборува за Друштвото на чувари на макеоднскиот јазик, чии членови на своите собири актуелизираат прашања што го засегаат опстанокот на јазикот-за истиснување на архаизмите, за користењето на зборови со странско потекло, за исчезнување на традиционалните македонски имиња...
Јована, наградата „Живко Чинго“ ја понесе и лани за нејзини
