Анета Блажевска

Анета Блажевска

Синоќа  во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.Елпида Караманди во Битола каде се одржувала прослава биле присутни малолетни лица кои конзумирале алкохол. Полициски службеници од Оделението за криминалистичка полиција, Отсекот за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото на настанот и констатирале присуство на малолетни лица и дека постои основано осмнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“ казниво по чл. 204 ст.1 од Кривичниот законик. 

 
Воедно на местото на настанот бил присутен и В.С.(19) од Битола кој го набавил алкохолот, а при контролата на присутните малолетници кај девет од нив е утврдено присуство на алкохол и истите се вратени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

24.10 2022 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

3 Берово,
5 Битола,  Тетово,
6 Скопје-Петровец, Струмица, Лазарополе,
7 Прилеп, Демир Капија,
8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Дебар,
9 Гевгелија, Охрид,
10 Претор,
11 Попова Шапка, Виница,
12 Маврови Анови,
13 Крушево,
14 Дојран.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе се задржи претежно сончево и топло за овој дел од годината. До вторник значително потопло ќе биде на планините. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде за неколку степени пониска.

Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.

„Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет“, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.

Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, пишува во соопштението на Општина Битола. 

 

Пишува: проф. д-р Александар Литовски

 

Екипите на ЈП "Стрежево" продолжуваат со засилени теренски активности, со што Ски- центарот "Нижеполе" престојната зима ќе добие нов, уште подобар лик, велат од јавното претпријатие.

 

Вчера и денеска (21/22.10.2022), полициски службеници од СВР Битола, ОВР Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар во координација со портпаролот на СВР Битола на подрачјето на Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар спроведоа превентивна активност во рамки на која на граѓаните им беше претставена улогата на полицаец - позорникар.
Полицаецот-позорникар или маалски полицаец, кој на подрачјето на кое е назначен треба да врши надзор, има улога да го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, да спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, да укажува потребна помош и врши набљудување на подрачјето со оценка на безбедносната состојба.

Интегрална изјава на советничката во Советот на Општина Битола, Мирјана Захариевска Ралевска:

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани