НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15 декември 1914
Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. При контролата, санкционирани се 47 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 11 останати прекршоци.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.
Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.
Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.
Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.
Секцијата на жени и Комисијата за културно-забавен живот при Здружението на пензионери од Битола расправаа за активностите и програмата што треба да се организираат во следната година.


