2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар.
Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.
Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.
Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот.
Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек, потврдува за АПЛА.мк директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски. 
А.Б

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА МЛАДИТЕ БАДНИКАРИ ВО

ИЗРАБОТКАТА НА БАДНИКОВИТЕ ЅВЕЗДИ
 
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка
која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и
населени места во Македонија.
 
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно
изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и
градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и
со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди,
подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите
в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.
 
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде
плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св.
Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом
каде ќе биде завршниот дел на поворката.
 
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел
од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
 
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила
на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја
претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната
вест.
 6 badnikovi zvezdi

КОЊАНОВСКИ И БОЈКОСКИ НА СРЕДБА СО НАЧАЛНИКОТ НА СВР БИТОЛА

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески.
 
На средбата стана збор за тоа како поминаа првите два дена од Новата година на територијата на Општина Битола, особено новогодишната ноќ.
Беше кажано дека немало инциденти, односно нарушувања на јавниот ред и мир.
 
Градоначалникот на Битола се заблагодари за ангажманот на полициските службеници кои беа активни за време на организираниот дочек на Новата година кај Офицерскиот дом.
 
На средбата се разговараше и за идните планови на Секторот за внатрешни работи Битола за подобрување во делот на безбедноста во сообраќајот.

СВР Битола ПС за БПС, РСБСП и ОСБСП со новогодишна донација во Битолската болница

 
За СВР Битола ПС за БПС, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата голема чест и одговорност е што токму по повод Новата 2026 година го доделуваме првото детско седиште за автомобил на првото новороденче во Битолската болница.
Овој симболичен чин не е само подарок, туку порака дека безбедноста започнува од првиот ден од животот.
СВР Битола, ПС за БПС, РСБСП која е нивна донација и ОСБСП постојано потсетуваме дека детското седиште не е избор,туку напротив неопходност.Тоа спасува живот и е најважниот прв чекор кон сигурно и безбедно детство.Им честитаме на родителите на приновата и им посакуваме,здравје,среќа и безбедни патувања.

ПРВОТО ЖЕНСКО, А ВТОРОТО МАШКО-СЕ ПРВОРОДЕНИТЕ БЕБИЊА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме со оние кои не израдуваа.
 
„Битола доби два нови жители, две малечки души, две бебиња. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа на сите нас и второто е Петар. Двете мајки се битолчанки, ова им се први бебиња. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште многу дечиња“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Пригодни подароци, финансиска помош и од општината и од приватни фирми.
 
„И двете мајки и двете бебиња се во добра состојба“, рече доктор Тихомир Велевски, специјалист по гинекологија и акушерство.
 
Првото бебе со родилна телесна маса 3300 грама, а второто бебе со родилна телесна маса 3460 грама.
 
Директорката на Клиничката болница Ненси Лозанче рече дека двете мајки се прворотки и дека она што важи дека прво женско дете родено е бериќет, таква ќе биде бериќетна и успешна годината. Таа им се заблагодари на целиот персонал кој ноќта ја помина работно.
 
Релативно мирна ноќ имало на одделенијата во однос на интервенции на новогодишната ноќ, рече директорката Лозанче, а градоначалникот Коњановски кажа дека ја посетил и Итната медицинска служба каде го информираа дека ситуацијата во Битола била мирна, во смисла на интервенции.
 
Коњановски беше и во посета на детското одделение каде на хоспитализираните деца и им посака среќна Нова година и им подари новогодишни пакетчиња.

Пред само неколку минути 50 учесници од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија, кои се дел од настанот "Први На Први"  ја започнаа планинарската акција од локација на Инфоцентар за искачување на Врв Пелистер. Оваа година во организација на "Олимпус Монс"  со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна настанот се организира по 5ти пат. Целта е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот. 

 IMG 7b69e8649565f61c3cd899e9fb816ae8 V
-Станува збор за искусни планинари, добро познати имиња на пошироката јавност во Македонија и во регионот. Ќе имаме ведро небо, ниски температури, полна месечина и прекрасни погледи на со снег прекриената Баба Планина во текот на искачувањето. Во мое лично име и во име на сите учесници на цела Битола и Македонија Ви посакувам Среќна нова 2026", изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер. IMG e22f1990904dd013ac5b5a7436c43496 V А. Блажевска 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани