
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска за Цветници - митрополитот Петар одржа света богослужба во соборниот храм "Св. Димитриј" во Битола и ја благослови празничната трпеза на која присуствуваа верници од Битола.
Со решение на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, за вршител на должноста директор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола е именувана Билјана Божиновска Лозановска.
Новата в.д. директорка е логопед-дефектолог, која на оваа позиција доаѓа од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Битола, каде што ја градела својата професионална кариера.
Божиновска Лозановска е кадар на политичкото движење ЗНАМ, коалициски партнер во актуелната влада. Дипломирала на Факултетот за дефектологија при Универзитетот во Белград, каде го стекнала своето високо образование и стручна подготовка во областа на логопедијата.
Денес таа и официјално ја презеде функцијата, откако беше извршено примопредавање со досегашниот директор, д-р Крсте Граматковски.
Цветници во хотел Молика – Вкусна традиција на неделна трпеза!
13 април (недела) од 11 часот до 17 часот Ви подготвивме вистинско гурманско доживување во чест на големиот празник Цветници.
Уживајте во специјално мени со свежа риба и морска храна, совршено спарени со внимателно одбрани вина, во пријатната атмосфера на нашиот ресторан во срцето на Баба Планина.
Храна, вино, природа и празнична магија – сè на едно место!
Резервирајте на време:
075 428 704 или +389 75 495 725
Хотел Молика – Пелистер ве очекува. ПР текст
