
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градска Битола има свое средсело, а исто така слави градски и селски Велигден. Овој народен обичај стар со векови бил настан на годината во една од најстарите битолски населби, Генимаале. Недела после Велигден, на верскиот празник Источен петок- Балаклија, во градот доаѓале гости од селата, се одржувал голем народен собир, а песни и ора ечеле до раните зори. Обичајот со цела негова етнолошка и фолклорна убавина од заборав ја спаси истакнатиот етнолог Валентин Соклевски со сценската адаптација на „Градски- селски Велигден“ во траење од 45 минути.
Со донации реновирани се дневната болница и тоалетите на Детското одделение при Клиничката болница во Битола.
„Ова се донации за подобрување на условите во Детското одделение. Фирмата ‘Бобфант’ изврши реконструкција на цела дневна болница заедно со тоалетот. Потоа, Ротари клубот ‘Широк Сокак’ го реновира санитарниот чвор, односно два тоалети и две капатила. Донации доаѓаат од секаде, имаме други фирми кои сакаат да помогнат. Сето ова е за подобрување на условите на Детско одделение и најмногу за нашите пациентчиња“, рече Ленче Петровска, главна сестра на Одделението.
Денеска на новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет.
Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство.
Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинението, е направена проневера на околу 360.000 евра.
Полицијата поднесе кривична пријава против ексградоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески за злоупотреба на службената положба. Тој се сомничи дека во својство на одговорно лице, градоначалник на општината му овозможил на фирмата ДООЕЛ "Пела Транс"од село Мажучиште, прилепско, да се стекне со противправна имотна корист од 77. 031.890 денари, пари од буџетот на општина Прилеп со тоа што создал услови тие да бидат единствен понудувач и избрана фирма за зимски одржување на улици и патишта на територијата на општина Прилеп.
Полицијата поднесе кривична пријава против сопственикот на фирмата М.С. (59) за злоупотреба на постапка за јавен повик.
Пријавената фирма спротивно на Законот за јавни набавки не можела да учествува на јавните набавки поради неплатени обврски за даноци и нивно несервисирање по склучени договори за одложено плаќање. Сепак, сопственикот и управител на фирмата поднесувал лажна документација, меѓу другото и уверение за платени даноци и придонеси. Според МВР, тоа го правел во договор со членовите на Комисијата за јавни набавки И.К (63), Љ.М. (58) и И.Ч (67), кои пак, на тие позиции биле назначени од ексградоначалникот Ристески. Тие биле присутни во сите случаи на евалуација и одлучување при секоја постапка за јавна набавка во периодот од 2012 до 2017 година.
Членовите на Комисијата никогаш не побарале од "Пела Транс" да достави оригинално уверение за платени даноци и придонеи, нити по службена должност не побарале од УЈП даја потврди фактичката состојба. Пријавњната фирма во тој период дури била и на листата на должници на УЈП. Во билансот на состојбата од 2011 година бил наведен долг од 7 милиони денари.
Од МВР соопштија дека членовите на Комисијата овозможиле во тендерската документација да бидат поставени услови кои ја фаворизирале фирмата со тоа што поставиле економски и технички параметри што само таа ги исполнувала.
Сите фирми со кои "Пела Транс" соработувала не се појавувале како понудувачи во јавните набавки, а во постапките други фирми воопшто не биле ни поканувани.
Полицијата го товари и надзорниот инженер Б.Н. за злоупотреба на службената положба зашто не вршел споредба на позициите искажани во одредените ситуации со оние во градежниот дневник.
Во Кривичниот суд-Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“.
Во овој случај обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направен криминал тежок 360.000 евра.
Застапниците на рускиот инвеститор Јуриј Липухин ја тужат Општина Битола, бидејќи со изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ не му обезбедила целосна комунална инфраструктура. За надомест на штета бараат околу 138 милиони денари или 2,3 милиони евра. Она што е симптоматично за новата локална власт е што тужбата се поднесува на 5 октомври, 10 дена пред последните локални избори, кога беше извесно дека ќе се менува власта во градот , после 12 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Талески.
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -Битола и Мерсиха Исмајлоска, Ве покануваат на промоцијата на книга „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.
Наредени мотори на среде коловозот од улицата во новата населба во битолската Касарна, подготвени за старт на трката. Фотографијата е направена денеска во 17 часот, а станарите од околните згради велат дека немаат мир од буката што се создава, но стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца.
Додека во Охрид го покривааат и откриваат 16 кракото сонце од Кутлеш за време на посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, овој симбол во Битола и не може така лесно да се сокрие зашто го има дури и на уличните шахти.
Шеснаесеткракото сонце освен на знамиња, често се користи и како амблем или лого на некои македонски фирми. Така, сонцето за кое со години се караме со Грција, се најде исцртано дури и на металот од уличните шахти, па над него секој ден минуваат возила и пешаци.
Шахтите изработени се од скопска фирма, па според тоа најверојатно ги има и низ други градови во Македонија. .
По повод одбележувањето на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права , Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружение на уметници ракотворци на Македонски ракотворби – Битола, организираат работилница за изработка на бук маркери. Тие ги повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да учествуваат на настанот за изработка на бук маркери да испратат маил на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака: работилница за изработка на бук маркери. Работилницата ќе се одржи на 19.04.2018 година.
По повод 23 април Светскиот ден на книгата и авторските права ќе следат повеќе активности во Библиотеката за одбележување на денот и популаризацијата на книгата.
Инаку 23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права. Светскиот ден на книгата започнат е да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.
