2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Уникатни фотографии и теренски записи кои се дело на полскиот етнолог Јозеф Обрембски, којшто вршел теренски истражувања во Порече од август 1932 до март 1933, се претставени на изложбата „Поречаните“. Македонското Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“, која е поставена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола. Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече, и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел.

Националниот парк Пелистер  е меѓу осумте добитници на големи грантови од програмата финансирана од Европската унија за подобрување на управувањето со заштитени подрачја.

Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб "Пелистер" да ѝ ја отстапи сопственоста врз планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект. 

Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.

Комплетниот извештај на Центарот за јавно здравје за регистрираните малигни заболувања во Битола за 2016 година погледнете го Тука

Четириесет и седум годишниот О.М. жител на село Долно Агларци, битолско, вчера на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола, се обидел да го потпали ѓубрето во еден од контејнерите, фрлајќи запалена хартија во него.

Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.

Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, на денешната седница на Владата на РМ е прогласен за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што се обезбедува трајна заштита на локалитетот.

Сојузот на училишен спорт, денес им ги додели наградите на најуспешните ученици и екипи од основните и средните училишта во општината, кои во текот на учебната година, спортуваа, се натпреваруваа и освојуваа значајни резултати.

Во училишните општински првенства беа вклучени 3000 до 4000 ученици од 20 училишта, во вкупно 28 првенства во машка и женска конкуренција во кошарка, ракомет, одбојка, футсал, фудбал, шах, пинг-понг. По повод 4-ти ноември беше реализиран и ноќна трка. Сојузот на училишен спорт беше домаќин и на регионалните првенства во кошарка, футсал, голем фудбал и одбојка, а сите реализирани активности континуирано беа поддржувани од Општина Битола.Dodeluvanje pehari sportisti 9

Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани