
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како ретко кога досега, ова лето ги нема дивите продавачи на земјоделски производи со бостан или зеленчук, најчесто лоцирани на тротоарите и раскрсниците низ градот. Комуналната инспекција при Општина Битола и сообраќајната полиција во неколку акции ги отстранија дивите пазарџии и будно ги следат состојбите.
На високите летни температури вообичаена глетка е деца да се разладуваат во градските фонтани.
Така беше и денеска во фонтаната пред битолскиот Завод и музеј, која е изградена на местото на култната бела фонтана.
Две сосема голи деца го привлекоа вниманието на минувачите, а турските туристи кои влегуваа и излегуваа од Музејот запираа и ги фотографираа децата, кои најпрво се искапија, а потоа се сончаа на мермерот од фонтаната, која битолчани шеговито ја викаат „поило“.

Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Општина Битола и компанијата „Пако Мак“ од Скопје обезбедија 150 канти и 10 контејнери за пластичен отпад во битолската населба Стрелиште. Ова е четврта населба во градот што добива канти за пластика, а целта е кај граѓаните да се подигне свеста за селекција на отпадот. Досега вкупно се обезбедени 1650 канти и 150 контејнери за пластика.
Во Тетово е откриена мајката на напуштеното бебе, потврдуваа од полицијата во Битола за апла.мк. Таа е се уште малолетна и за неколку месеци ќе наполни 18 години.Штипката од папочната врца како и алката што бебето ја имало по породувањето, беа првата трага за откривањето каде било извршено породувањето и која е мајката на бебето.Случајот сега ке го превзема Центарот за социјални работи од Тетово во соработка со Центор од Битола.Во неделата ноќта бебе старо само неколку дена од две машки лица беше оставено во раце на битолчанец да го предаде во Домот за донечиња во Битола. Тоа е згрижено и се наоѓа во добра општа состојба.
Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе одлучува дали професорката од Високата медицинска школа Елизабета Попова Рамова ќе се врати на работа или ќе го потврди отказот даден од раководството на школата. Во вторник на 10 јули Сенатот по жалбата на професорката Попова Рамова ќе одлучува на седница во Охрид.
Во Кафе бар „Радост“, како дел од програмата на Битолското културно лето се одржа фестивалот за литература и аудио визуелни уметности „300 работи 300“. Дел од вчерашната програма беше презентацијата на филмски сценарија – Записник 006, изложбата Магента на Илија Талев, како и проекција на филмот „Берлин проект (2011)“ од Иво Трајков. Денешната програма вклучува филмаџиско кафе, музика со ДЈ Деx и презентација на храна и музика со ДЈ Ален Туцо.
Во НУ Завод и музеј се одржа концертот насловен „Романсијада“ – вечер со руски романси. Публиката уживаше во изведбите на Катица Мишевска од класата на проф. М-р Весна Гиновска –Илкова, Магдалена Тодоровска од класата на проф. м-р Ана Дурловски, Лука Петешев од класата на проф. М-р Борис Трајанов и Тодор Арсовски - проф. М-р Весна Гиновска –Илкова.
Од почетокот на овој месец ограбени се неколку цркви и манастири во демирхисарско. Според СВР-Битола во периодот од 01-05 јули од страна на непознат сторил извршени се повеќе тешки кражби во цркви во селото Стругово, во манастирот „Свети Антониј“, во Прибилци, во црквата „Света Богородица“ . Во Суводол кражба имало и во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Стругово во црквата „Свети Атанас“и во Слепче во црквата “Свети Никола“ ,при што направена е материјална штета во износ од околу 14 000 денари.
Се превземаат мерки за расчистување на настаните.
Денеска започна изградбата на внатрешните станбени улици во новата населба „Златен рид“. За почеток багерите влегоа во улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата „Аурум“. Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, останале пари, па новата локална власт донесе одлука да прави уште десет нови улици во поранешната касарна.
Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на „Рок симфонијата“ која се одржа синоќа на ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето.
