
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По кратко боледување, денес почина битолскиот новинар Константин Петровски-Кокан на 44 годишна возраст. Кокан имаше завршено студии по новинарство, пишуваше во битолскиот весник „Его“, а имаше и соработки со локалните телевизии. Автор е на книгата „Филтер Југославија“ во која се објавени делови од неговите текстови од „Его“, остави во ракопис неколку романи за деца, а го сними и документарецот „Патот до Аликанте“ посветен на пејачот Цане Николовски од „Елита“.
„Ух, убаво е да дојде. Нека дојде треба помош во државата. Помош е и кога ќе си ја реализирате казната, рече премиерот Зоран Заев од Битола запрашан за како го коментира постот на екс премиерот Груевски на Фејсбук дека поради состојбите во државата му доаѓало да дојде и да помогне.
,,Сите испраќаме порака на одговорност, па ете испраќам недвосмислена порака нека се врати дома", рече Заев.
Во присуство на премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска потпишаа договор за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој. Преку оваа програма во поширокиот Пелагонсико-преспански регион ќе бидат инвестирани 101 797 260 денари. За 2019 година вкупно на државно ниво се издвоени финансиски средства во висина од безмалку 38 милиони евра за реализација на 202 проекти во цела територија на земјава.
„Преку реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија значитечно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион и од цела Северна Македонија. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 176 406 денари“, рече премиерот Зоран Заев.
Од најголемата житница во државата -Пелагонија, денеска премиерот Зоран Заев, министерот за земјодeлство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, ја промовираа мерката “зелена нафта“ што ќе значи поевтино гориво за земјоделската механизација.
Општина Битола добива средства од Министерството за култура за внатрешно уредување на киното Манаки.
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година. По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за оваа година.
Во рамки на Културно-забавното Лето -Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”.
Претставата „Август во округот Осејџ“ по текст на американскиот писател Трејси Летс, по кој е снимен и филм со познати холивудски актери, утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Народниот театар во Битола. Режисерката Драгана Милошевска-Попова на денешната прес-конференција рече дека претставата се подготвувала два месеца, бидејќи станува збор за богата приказна која се поставува на театарска сцена со обид да се избегне влијанието на филмот.
Готов е муралот што деновиве го наслика тимот на Hybrid Minds Crew на дел од фасадата на зградата кај Атпазар во Битола.

Овој дел од зградата со години беше лоша слика, место обраснато со грмушки, расфрлано ѓубре, а фасадата ја нагрдуваа разни графити.

Сега ѕидот е разубавен со лик на жена со цвеќе во косата и птица над главата, а муралот со површина од 130 метри квадратни,е посветен на убавите жени по кои е позната Битола.
Проектот е дел од годинешното издание на "Битфест".

Претходно на овде беше поставена урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, велоп паркинг и др, со што местото доби комплетно нов лик
Покрај муралот кај Атпазар, тимот на Hybrid Minds Crew, лани го нацрта муралот на зградата кај Шехерзада како и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија
