Анета Блажевска

Анета Блажевска

Меѓу осумте новозаболени е и еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола. Тој е откриен со 185 тестирања направени во изминатите 24 часа, а покрај 1 заболен во Битола има 3 случаи во Скопје и 4 во Велес.

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности. Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.

Во фабриката за автомобиски кабли „ Кромберг и Шуберт“ кој е најголем приватен работодавач во Битолско oд денес со работа делумно започна и втората смена. Со ова на работа се вратени 2000 вработени.

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Матурантите од СОУ „Јосип Броз - Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура.

Менде Граматковски е избран за заменик шеф на Регионалниот изборен штаб во петката. По назначувањето на Васко Ковачевски за шеф на Регионалниот изборен штаб за ИЕ 5 за негов заменик СДСМ се одлучи довербата да му ја даде на Граматковски. Досега Граматковски извршувал повеќе партиски функции а последните години во повеќе мандати беше член на Извршниот одбор, највисокото тело на ОО на СДСМ Битола. Со ова Изборната Единица 5, Е Во Рацете На Двајца Партиски Истакнати Битолчани. Граматковски е директор на најголемиот хидросистем во државата „Стрежево“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани