Анета Блажевска

Анета Блажевска

Студеното време, но и стравот од коронавирусот го испразнија Широк Сокак. Во недела попладне затекнавме само по некој минувач, а и во кафулињата гостите се броеја на прсти. 

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на припадниците  на албанскиот народ им го честита празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

,,Чест и задоволство ми е што сум битолчанка заради безброј причини, меѓудругото и заради фактот што токму во Битола се одржал конгресот на кој албански интелектуалци ја унифицирале албанската азбука. Со тоа, овозможиле Албанците каде и да се, да пишуваат на ист идентичен начин, да ја заштитат и шират својата култура, традиција и посебност. Музејот на албанската азбука во Битола, денес ја чува одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албански јазик од средината на петнаесеттиот век. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на интеграцијата во Европската Унија", рече пратеничката.

-И како што пред 112 години била унифицирана албанската азбука, денес е време кога ги обединуваме нашите напори за унифицирање на еден подобар, помирен, постабилен, попросперитетен живот за сите граѓани на Република Северна Македонија. Предуслов за тоа е взаемно почитување. Само така можеме да се надеваме дека нашата заедничка историја ќе ја зачуваме, нашата заедничка сегашност ќе ја потврдиме и нашата заедничка иднина ќе ја обезбедиме, додаде Костадиновска- Стојчевска. 

Само на Баба Планина може да ги доживеете сите годишни времиња во еден ден. И шума во есенско руво, со раскошен колорит специфичен за ова годишно време, и тмурни облаци, и магла. Па сончевина, но и молика во снежно руво.

Пишува: Александар Литовски

ЈП "Водовод" за 30 од предвидените 60 дена ја заврши реконструкцијта на водоводната мрежа на улицата во центарот на градот "Димитар Илиевски Мурато" и веќе ги асфалтира сите прекопи кои беа направени при извршување на работите.

 

Заснежи на Пелистер, побеле во  ски- центарот Нижеполе.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани