Анета Блажевска

Анета Блажевска

И утре утринската температура ќе биде многу ниска, во делови на Пелагонија и до минус 20 степени Целзиусови, а во останатите места од минус 16 до минус седум степени, предупредуваат од УХМР. 

 
 

Во Битола поради поларната зима, има зголемување во потрошувачката на водата од градскиот водовод. Граѓаните стравуваат од пукање на водоводните цевки, па ги оставаат чешмите да течат. Горан Козаров директор на ЈП „Водовод“ вели дека зголемувањето е од 30 до 50 литри во секунда што сепак е во границите на нормалата, а досега пријавени се само неколку проблеми од студеното време предизвикани кај водомерите.

Поларниот студ што деновиве ја зафати Битола, ја намали фреквенцијата и во градскиот пазар. Утрово се измерени -22 степени, па речиси и да нема ни продавачи ни купувачи, иако денес е вторник, пазарен ден во Битола

Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден (16.02.2021, вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со ниски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

 

Поради дефект на петтиот столб на долниот ски - лифт е одложено скијањето, соопштија од Ски-центарот ,,Стрежево". 
,,Работи само горниот ски-лифт. Ве молиме за разбирање. Сервис е направен  и одобрен од овластена институција, но опремата е стара околу 40 години. И попладнево и вечерва екипа на ЈП Стрежево работи на терен", соопштија од Ски-центарот. 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани