
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Снегото ја побле вечерва Битола, за да не потсети дека календарски е се уште зима.
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата од улиците "Партизанска" и АСНОМ, на дваесетина метри од влезот на Клиничката болница.
По воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро во наредните две недели, од Владата информираат за повеќе детали околу спроведувањето на одлуката
Во Битола денес се регистрирани 33 новозаболени од коронавирусот, оздравени се 13 пациенти, а активни се 228 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорката на училиштето, Љубица Стерјева денес извршија увид во теренските активности за изградба на нови спортски терени за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка во ОУ „Тодор Ангелевски“, за чиј почеток Апла.мк информираше уште вчера. Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари. Покрај реконтруктивните зафати на спортските терени, ќе бидат набавени и потребните спортски реквизити.
Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови, а просторот ќе биде хорикултурно уреден. Локалните жители истакнаа дека во овој дел од градот има многу деца и изразија задоволство што децата наскоро ќе имаат можност да ги користат спортските терени за повеќе активности.
