Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и оваа година ќе спроведе превентивна ларвицидна теристичка  дезинсекција во две фази на територијата на Општина Битола. 

По Повод 7 мај, Денот на полицијата претставници на СВР Битола ги посетија дечињата од детските градинки „Мајски цвет“ и „Коца Василева“ во Битола. Средбата се одржа на отворено во дворот на градинките со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19. Дечињата имаа можност да слушнат за предизвикот што значи да се биде полицаец, како и да се запознаат со полициските возила мотор и полициско комбе. Дечињата пак подготвија изложба со цртежи посеветенини работата на полицијата.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

Се зголемува интересот за вакцинација. Како што утрово објави министерот за здравство, Венко Филипче, само во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 12 606 граѓани од кои 10 135 прва доза а останатите ревакцина.

FB IMG 1620307895560„Живеам овде 60 години. Конечно дочекав да имам нормална вода и канализација, а најважно е што влегуваме дома без кал и прашини", вели жител на еден од краците на ул. „Прогрес“, каде што заврши поставувањето на бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани