2win800x200

Директно

Нови протоколи за спинална анстезија при породување со царски рез со пенсил поинт игли со што се избегнува постоперативни главоболки кај родилките се спроведени во битолската Клиничка болница за време на посетата  на проф. д-р Олег Туркот, анестезиолог од болницата JOHN HOPKINGS oд Балтимор САД. Исто така, за време на неколкуденвниот престој на анестезилогот Туркот тимот анестезилолози од битолската болница беше обучен и за спроведување на безболно породување со епидурална аналгезија кај пациентките што се породуваат спонтано.

Илјадници хектари ниви се опожарени во изминатите два дена низ Пелагонија од стрништата што намерно ги палат земјодлеците за да го исчистат отпадот. Ваквата состојба доплнителного заагадува амбиенталниот воздух. Како што објави апла.мк синоќа беснееја стотици пожари низ Пелагониското поле, а пожарникарите интервенирале на деестина покритични локации со десет екипи. Велат дека не паметат вакво масовно палење и самоволие на земјодлеците.

Фирмата „ВИА“ ДОО од Вевчани ќе ја изведува реставрацијата на Офицерскиот дом. Во документот од Централниот регистар што го извади Апла.мк, како сопственик на фирмата се води Марица Угриновска, а не како што се шпекулираше на социјалните мрежи дека тоа е фирма на Крсто Мукоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април ги отвори вратите за толпата да влезе во Собранието. И на договорот за реставрација потпишан е Ѓорги Угриновски, кој во Централниот регистар е заведен како едно од овластените лица во фирмата.

Офицерскиот дом се чисти и подготвува за реконструкција. Мајстори од Битола и Вевчани веќе ги исчистија внатрешните простории на Офицерскиот дом од ѓубре и ги ги искорнаа штиците од подот кои беа руинирани. Велат дека ќе подолжат со реконструкцијата и дека ќе биде се средено од дограмата до фасадата.

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани