АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првиот ден во новата година го дочекале кај домаќини на кои им го гаснеле оџакот, деновиве гаснеле пожари предизвикани од украсни светилки на елки, од соларни уреди, а за Бадник трагале по изсчезната пензионерка, раскажуваат заменик командирот Горан Димкоски заедно со пожарникарите Александар Тодорчевски и Дејан Ристевски, објавува Факултети.мк.
„Им се запали оџакот, па Нова година ја дочекавме кај домаќините“. Ова е едно од различните патешествија што ги имале припадниците на Територијалната противпожарна единица од Битола за време на новогдишните држурства. Тие се на готовс и во најлудата ноќ во годината. Тогаш најчесто гаснат оџаци, наќитени елки, соларни уреди, покриви од куќи. Додека другите слават, тие се подготвени за интервенција. Ги нарекуваат скромни херои зашто никогаш не се фалат со своите подвизи. Го ризкуваат својот за туѓите животи. Затоа одлучивме да им дадеме простор да раскажат како ги минуваат новогодишните празници на дежурство.
„Дури и да нема интервенции, и да е се мирно, ние сме подготвени како да ќе има пожар. Иако е Нова година, нема алкохол. Може ако немаме пожари за гаснење да ја усасиме жедта со сок. Аклохол не доаѓа предвид. Се внимава оти вечерта е долга. Возилата се подготвени. Дали е празник или не, тие се секогаш спремни“, вели Горан Димкоски заменик командир на ТППЕ-Битола.
Будна вечер, па некаде и да чади некој ќе јави
Во дологодишната пожарникарска кариеа дежурал повеќепати за Нова година. Раскажува дека иако е вечер за лудување, сепак подолги години не паметат некој поголем пожар. Верува дека не доаѓа до поголеми трагедии зашто луѓето се будни цела вечер и доколку зачади некаде ќе видат и ќе јават. Но, се присетува дека ја дочекувале Новата година во разчични ќуки каде се затекнеле на интервенција. Кога ќе се случи пожар во куќа, без поголеми последици, на домаќините најмили гости им се пожарникарите зашто им даваат сигурност дека огнот нема пак да се разгори.
„Нова година сме ја пречекале и кај луѓе дома. Им се запали оџакот. Беше критично. Моравме да останеме кај нив и заедно со нив го дочекавме правиот ден од идната година. Пожар кај оџаци гасиме со пригушување, не со вода и мора да почекаме најмалку час и половина до два за да догори, да бидеме сигурни дека нема опасност, па да го напуштиме објектот. Домаќините не почестија и беа посигурни додека бевме со нив, претходно беа многу исплашени“, вели Димкоски.
Оџаците помалку горат, повеќето се греат на инвертер клими
Сепак, последнава година бројот на интервенции врз оџаци е повеќе од преполовен. Имаат по една интервенција на ден, а порано се случувале по десетина. Претпоставуваат дека ваквиот позитивен тренд се должи на замената на печките на дрва со инвертер клими.
„Пожарите најчесто ги пријавуваат соседите. Тие гледаат дека на комшијата му гори чатијата. Летните пожари не се за потценување, но многу поопадни се зимските, во затворен објект“, раскажуваат пожарникарите.
Деновиве гаснеле пожар во куќа настанат од светилки на елка. Имало и пожари предизвикани од соларни уреди.
„Има проблем со некои од соларните уреди. Се пали греачот што ја загрева цевката. Тоа се колекторите што се ствааат на покривите, а се наменети само за лето.. Кога ќе стегнат ниски температури, сопствениците го вклучуваат греачот за да не им замрзи цевката што слегува од чатијата во тоалетот. Греачот со текот на време старее или се лупи изолацијата, па ќе настане пожар. Подмолно е. Доцна се забележува“, раскажуваат пожарникарите Александар Тодорчевски и Дејан Ристевски.
Пожарната и полицијата ја барале за исчезната, а таа си пиела кафе со пријателката
Дежирствата за Нова година има се како секоја друга вечер. На смена се по 12 часа, од 19 навечер до 7 наутро. Но, се повеќе заангтажирани зашто има огномети, прослави, сообраќајни несреќи, поднапиени луѓе. А за празници се случувало и да тргнат во потрага по повозрасни лица пријавени за исчезнати.
„За Бадник синот ја пријави мајката за исчезната. Не му дигала телефон еден саат, а без телефон не излегувала никаде. Отишла жената да прошета, се нашла со некоја поранешна колешка и седнале во кафуле. Синот не можеше да ја добие и пријави в полиција, а тие кај нас. Вратата ѝ беше заклучена, беше отворен само прозорецот од балконот на вториот кат. За да не ја обиваме влезната врата, со скали се качивме на балконот и влеговме внатре. Телефонот го најдовме дома. Вечера се јави ја од полицијата околу полноќ и не известија дека жената си се вратила дома“, раскажуваат Тодорчевски и Ристевски.
Најстара пожарна на Балканот
Инаку Битолската пожарна брои 43 пожарникари, по 10 до 11 во смена. Се очекува бројката да биде зголемена со преслувањето во новиот објект во Касраната каде и просторниот капацитет ќе биде поголем. Додека разговаравме за предизвиците на оваа хумана професија, објектот го посети и еден од највозрасните пезнионнирани пожарникари, легенда Ѓорги Геровски.
„Често пати дежурав за Нова година, бев повозрасен , па да им излезам во пресрет на помладите колеги, да одат на прослава. Порано за Нова година се случуваа и големи пожари. Се сеќавам една година гасевме куќа во село Лажец, иселеник се врати од Австралија за тука да ја дочека Новата година, а куќата му вивна во пламен. Во 1975 година се запали ‘Агрохемизација’, голем пожар, па магацинот за вреќи во ‘Жито Битола’ “, рече Геровски.
Битолската пожарна е најстара на Балканот основана дури во 1836 година за време на владеењето на турскиот султан Махмуд Трети.
Жанета Здравковска
Низ приказните од Старата битолска чаршија исполнети со историјата, традицијата и безвремениот мелос, Битола започнува да ја ткае својата „Зимска приказна“.