2win800x200

Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.

Нема битолчани меѓу осумтемина пациенти со КОВИД-19 хоспитализирани на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Овие пациенти се од Струшко-охридскиот Регион.

„Осумте КОВИД позитивни пациенти се во средно тешка состојба, два од нив се поставени на кислородна поддршка, а утрово имам информација дека се стабилни. Пациентите се од Струшко-охридскиот регион. До вчера беа 4 позитивни и 3 суспектни пациенти зашто имаме и еден друг дел во Инфективното одделени кој е за суспектни пациенти. За тројцата пристигнаа негативни резултати, а вчера попладе и вечерта пристигнаа четири нови КОВИД позитивни пациетни. Во Битола нема хосиптализиран пациент од Битола КОВИД позитивен“, одговори директорката на Болницата, Билјана Гагачовска на новинарско прашање. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани