Татко и син лекари од Клиничката болница во Битола заедно во битката против коронавирусот

Октомври 18, 2020

Данчо Балаловски долгогодишен инфектолог во Клиничката болница во Битола и неговиот син Петар Балаловски, лекар по општа медицина заедно водат битка против ковид-19 во Клиничката болница во Битола лекувајќи пацинети кои се соочија со оваа тешка болест. Лекарите порачуваат: „Почитувајте мерки, носете маски!“

 

„Голема е заблудата и догмата што се шири меѓу луѓето дека болеста не постои. Болеста ковид-19 постои во цел свет и затоа се нарекува пандемија. Лек специфирчен за вирусот не постои, а вакцините се во фаза на испитување. Затоа ни преостануваат мекрите што ги препорачува СЗО , а согласно на тоа и нашиот минитсер Филипче преку Комисијата за заразни болести, а тоа е носење на маски со прекриен нос, држење дистанца од 2 метри и миење раце“, вели доктор Данчо Блаловски за Апла.мк.

Тој напоменува дека треба сите да сме одговорни за да си помогнеме себеси и на другите, со што ќе придонесеме и за подобрување на јавното здравје.

„Со тоа одговорно однесување ќе се намали и бројот на инфицирани болни од ковид-19. Ако не сме сите одговорни, во услови кога цела тежина ја носат здравствените работници, упехот во борбата со болеста ќе биде помал. Овие девет месеци сериозно работиме со надчовечки напрори. Се надевем дека во преиодот што доаѓа, кој ќе биде и многу тежок зашто и грипот чука на врата, нашиот народ како и секогаш кога било најтешко, ќе биде одговорен и совесен, за да можеме што порано да ја победиме оваа тешка и се уште доволно непозната болест во светски рамки“, додава Балаловски за Апла.мк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани