2win800x200

ЕСМ Молика започна со целосна реконструкција на Автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското езеро. Целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди. 

За првпат после 50 години од изградбата на Автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. 

Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори. 

Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското езеро. 

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација.

Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, ЕСМ Молика ги извести за градежно – занаетчиските работи кои започнаа во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени. 

После целосната реконструкција на Хотелот Молика, прва после 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика. 

Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Синдикалната организација на друштвото потпишаа Колективен договор со која се уредуваат правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачот.

Документот го потпишаа директорот на ЕСМ Молика, Миле Вељановски и претседателот на Синдикалната организација, Валентин Трпеновски. Колективниот договор на друштвото беше утврден низ дијалог кој двете страни го водеа изминатите неколку недели и во него се содржани последните законски решенија со кои се подобрува стандардот на работниците, како што е минималната плата и исплатата на додатоци за работа во недела.

Соработката меѓу ЕСМ Молика и синдикалната организација продолжува и понатаму со цел унапредување на условите за работа во друштвото кое беше формирано неодамна и работи во рамките на Државните електрани.

Во ЕСМ Молика работат над 90 лица, а друштвото стопанисува со Хотелот Молика, со автокампот Ливадиште, апартмани Свети Стефан во Охрид, одморалиште Маврови Анови и Вила Тиквеш во Стар Дојран и работничките мензи во РЕК Битола и РЕК Осломеј.

384242889 681341970633032 7097212852165562465 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани