2win800x200

Националниот парк „Пелистер“ постави нови 72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува инфоцентарот на Паркот со Цапарски вир и Ротинско Езеро.

„Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП ‘Пелистер’. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ние“, соопштија од Паркот.

На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско Езеро под името „Протокол мираж“.

„Новиот шенаесет километарски круг го поврзува инфоцентарот на Пелистер со Цапари и Ротино, а ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека која започнува од Цапари и води до еден од најубавите природни видиковци на Пелистер, наречен Лоша Стена (која се наоѓа на околу 1.220 метри)“, информира Иванчо Тошевски, директор на Паркот.

Промотивниот настан ќе го организираат „ПРОЏЕКТ 7.000“ и Националниот парк со поддршка на „Екстрим бајк“ од Битола, Велосипедска федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани