АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пријатели и поддржувачи на апла.мк, ни испратија фотографии од манифестацијата „Денови на нарцисот -Лазарополе цути“,што се одржа вчера во Лазарополе. Фотографиите се рај за очите и душата , ја отсликуваат традицијата во Лазарополе каде со зурли и тапани се слави традицијата и афирмацијата на руралното културно наследство, материјално и нематеријално. Пред 3 години е возобновена традицијата која мештаните во овој крај ја практикувале пред речиси 30 години, како „Фестивал на нарцисот “која се одржува во време на цветањето на нарцисот.
„Љубојна“и специјалниот гостин Џамбо Агушев, во петок навечер, (10 ноември), лирскиот тенор од балканските простори Божо Вречо како и составот „Џипси Грув“ изведувачи на автентична балканска ромска музика кои ќе настапат во сабота вечер (11 ноември) , е понудата на овогодинешниот „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Центарот за култура од Битола најави дека е подготвен за деветтото издание на фестивалот, еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината.
Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, рече дека годинава фестивалот е насочен на музика од Балканот.
-Таканаречната „балканската музичка струја“ е така густа и содржајна и на сите светски фестивалот ги очекуваат сите тие имања со големо нетрпение и внимание.
Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо , нов изведувач на севдах мизиката, со неверојатна експресија, и составот „Џипси Грув“момци кои сакаат да докажат дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор - рече Јосифовски.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, а директорот на Центарот за култура, Зоран Димовски рече дека , средствата за оваа манифестација не се доволни, па финансиските исплаќања ќе се решаваат во од.
Кога бев мала токму многу се раскажуваше низ Битола за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ што го доживувавме како голем настан. Препознававме дека се одржува по големиот огномет на битолското небо. На телевизиите го гледавме преносот од црвениот килом. Како тинејџери одевме со другарите да погледнеме некое од подобрите филмови што се прикажуваа, а ги имаше многу. Се туркавме во бројната публиката околу црвениот килим да видеме кога ќе помине познатиот британски актер Мајкл Јорк кој во деведесетите години дојде во Битола. Бевме горди што го воодушеви Пелистер, па дури и на тоа што место месо во хотелот „Молика“ барал да му подготват поперки. Од актерите, па до пиперките се имаше некоја магија во градот.