2win800x200

Крајовски од СДСМ го повика директорот на Водовод, Милевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата

Декември 02, 2023

Интегрална прес конференција на Драган Крајовски, претседател на ОО на СДСМ Битола

 

Директорот на Јавното претпријатие Водовод, Пеце Милевски веднаш да си поднесе оставка на функцијата! 

 
Ништо не го “пере” од одговорност што повеќе од 18 часа ја остави половина Битола и околните општини Новаци и Могила без вода! Милевски нема никакво оправдување што ги врати битолчани во минатиот век, да полнат вода за пиење од цистерена, која патем ја набави претходниот директор на Водовод од СДСМ, Горан Козаров и за која ДПМНЕ се исмеваше.
 
Како се случи и кој е виновен за хаваријата на главниот цевковод во Битола, ќе утврдат надлежни органи низ соодветна процедура која ќе ја покрене СДСМ. За направените пропусти и нестручното работење кое ќе биде утврдено, ќе одговараат и Милевски и неговите скапо платени пулени. За да нема никаков сомнеж дека ќе врши било какви притисоци врз вработените или во фирмата изведувач на работите, Милевски уште денес да поднесе оставка. 
 
Ако, сепак, Пеце Милевски нема храброст и доблест да се повлече, тогаш градоначалникот Тони Коњановски веднаш да го разреши од директорското место и да назначи стручно лице, дораснато на предизвикот да биде директор на Водовод. Само така, Коњановски ќе покаже дека одговорноста е човечки и политички квалитет во кој верува и дека интересите на граѓаните му се пред партиските. 
 
Прекинот во водоснабдувањето во Битола е кулминација на двегодишното позирање на Коњановски и ДПМНЕ дека нешто работат. Со оваа локална власт, битолчани не се сигурни што ги очекува утре. Кога и да добие шанса ДПМНЕ да раководи со градот, на Битола и се случуваат катастрофи!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани