2win800x200

Во Средното техничко училиште во Битола не се почитуваат закони и владее самоволие, обвини битолскаат СДСМ

Декември 01, 2023

 

 

Интегрална прес конференција на Весна Баковска од Комисијата за образование на СДСМ Битола

https://www.facebook.com/SDSMBITOLAoficijalna

 

Во Средното техничко училиште во Битола не се почитуваат закони и владее самоволието на в.д. директорката, Жанета Сервини!

Членови на Училишниот одбор на Техничкото училиште разрешени уште во август, деновиве одржале средба и распишале оглас за избор на директор, а немаат никакво законско право ниту да се појават на состанок.
Советот на Општина Битола пред три месеци ги разреши членовите на Училишниот одбор во Техничкото училиште после серијата скандали на в.д. директорката и назначи нови. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, новите членови ги објави во Службен гласник број 12 од 4 септември, но во Техничкото училиште очигледно не важат одлуките на општинските органи.
Дали в.д. директорката, Жанета Сервини ги толерира сите незаконитости со амин на градоначалникот Тони Коњановски?
Зошто Коњановски упорно ја штити в.д. директорката Сервини и покрај тоа што таа ги крши законите и не ги почитува ниту неговите одлуки?
Какви интереси ги врзуваат Сервини и Коњановски, па градоначалникот не постапува по наводите од најмалку 4 вонредни инспекциски надзори што ги спроведе Државниот просветен инспекторат во Техничкото училиште?
Кој се поставува над законите, Сервини или Коњановски или двајцата заедно?
За две години, колку што е на власт Коњановски, во битолските училишта се вратија навиките на ДПМНЕ како во времето на Груевски и Талески! Како на послужавник добија реновирани училишта, со позитивни сметки и за само две години сѐ запустија! Градоначалникот наместо да се засрами, се гордее со пријавите што ги добива! И затоа не очекуваме дека тој или било кој од директорите што Коњановски ги има под контрола, ќе ги преиспита своите постапки. Ги повикуваме надлежните државни органи да постапат и да ја вратат законитоста во битолските училишта пред да биде предоцна!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани