2win800x200

Светскиот ден на учителот одбележан од Комисијата за образование на СДСМ во родната куќа на Блаже Конески

Октомври 04, 2023

Во организација на Комисијата за образование на СДСМ од Пелагонискиот Регион, денеска во Небрегово, во родната куќа на Блаже Конески беше одбележан Светскиот ден на учителот, 5 Октомври.

Во име на Комисијата, на претставниците на општинските комисии, Денот на учителот им го честиташе регионалната координаторка, Петра Лукароска. Изразувајќи им благодарност на наставниците за трудот и несебичноста со која на учениците им го пренесуваат знаењето, за трпението и вниманието со кои ги водат до нови знаења и животни вештини, Лукароска нагласи дека учениците и наставниците во 55 училишта ја започнаа новата учебна година со значително подобрени услови за настава.
382908579 1366819367548479 2325123173116229541 n
 
„Министерството за образование и наука инвестираше над 4,5 милиони евра за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти. Поставени се енергетски ефикасни фасади и еколошки системи за греење во училиштата. Учениците од одделенска настава и оваа учебна година продолжуваат да работат со тандем наставници по физичко и здравствено образование, со што е овозможен правилен раст и развој од најмала возраст, а децата со попреченост се вклучени во редовната настава со образовни асистенти. Со укинување на екстерното тестирање, ги ослободивме учениците и наставниците од стресни ситуации“, рече Лукароска.
386853539 307546325245224 8704231407377898540 n
 
Таа потенцираше дека на наставниците со закон им е овозможено кариерно напредување во звања и зголемување на коефициентот за плати, со што е обезбедено квалитетно менторирање на новите наставници-приправници.
 
„Владата на СДСМ им ја зголеми платата на наставниците за 55%. Се намали педагошката администрација и со тоа на наставниците им се овозможи повеќе време за креирање на наставни часови. Со воведувањето на дуалниот модел за средно стручно образование, се продуцираат кадри кои веднаш после завршувањето на образованието ќе бидат подготвени со соодветни вештини и компетенции да се вклучат на пазарот на трудот, да се вработат, со што истовремено се намалува јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила која им е потребна на компаниите“, напомена координаторката на Комисијата за образование на СДСМ од пелагонискиот регион, Петра Лукароска.
386798665 989576288940086 1876864876047507827 n
 
„Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најважната, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност на младите луѓе, на кои треба да им се пренесат знаења, вештини и мотивација. Наставникот ја зема раката, го отвора умот и го допира срцето на децата. Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.
384549163 283284267926375 9043366497405621352 n
 
Учител, човек кој е исправен пред големи предизвици, столб во градењето на една индивидуа и креатор на една млада личност во која треба да изгради морални вредности, доблест, почит, самодоверба, искреност и толеранција“.На настанот присуствуваа и претседателката на Комисијата за образование при ОО СДСМ Битола, Весна Баковска со членови од комисијата.
384448166 1312828436043258 3785058631156306381 n
384547534 836510714627471 1111427348430303971 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани