2win800x200

Хористите од ОУ„Гоце Делчев“ Битола освоија прво место на Регионалниот натпревар за училишни хорови

Мај 02, 2024

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Битола по 13 пат го освојува првото место на Регионалниот натпревар за училишни хорови каде учествуват основните училишта од Битола, Демир Хисар, Ресен, Крушево и Прилеп и се пласираат за такмичење на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје. Оваа учебна година ни беше посебно успешна за нашиот училишниот хор, имавме неколку настапи на културни манифестации, се спремавме доста напорно и дисциплинирано за да достигнеме врвен успех како секоја година.Многу ми е драго и посебно задоволство што успевам од деца, основци кои се аматери во музиката, да направам да ја доживуваат и интерпретираат хорската музика на професионално ниво во три гласа што е прилично захтевна категорија кога се работи со деца кои не се насочено музички образувани . Задоволство ми е што успевам да им пренесам љубов кон хорското пеење и музиката општо, со цел да им наметнам високи духовни, карактерни и културни вредности кои ќе ги направат подобри луѓе во иднина.

439638978 2572972292905266 7087189527537703802 n

439914849 1077499680017661 618347243627822230 n

439991671 917392660184672 8487751742162519280 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани