2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СЛЕПИТЕ ЛИЦА ГИ „ВИДОА“ ДЕЛАТА НА СОВРЕМЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ

Октомври 04, 2019

Во музеите ни велат не допирајте, а сега за првпат во нашата земја имаме можност преку допир да ја почувствуваме уметноста, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола. Во битолската Магаза, Завод и музеј постави изложба со тактилни слики од 16 дела од македонската современа уметност, со дополнително образложение на Брајово писмо, код и аудио нарација. Координатор на проектот е д-р Ирена Ружин, вработена во битолски Завод и музеј која веќе неколку години се обидува уметноста да им ја доближи на лицата со пречки во развојот.

 

„Вакви изложби ни требаат повеќе во државата. Страдни сме за вакви изложби. Одиме во некои музеј и ни велат не гибај со раце, а овде смееш да допираш со раце. Сликата е тактилна и нема оштетување ако допираме. Веќе имаме со допирањето своја престава во главата, а кога ќе прочитаме и на Браево што значи веќе ја имаме целата слика. Првпат во нашата држава се прави вакво нешто“, рече Костадиновски.

Лани преку татилни слики, Брајово писмо и код кој доколку се слика со паметните телефони се добива и аудио нарација и видеа на знаковен јазик, беа претставени 21 дело, а годинава уште 16, вкупно 37.

„Гледав луѓе во количи како доаѓаат и како чекаат останатите од групата да го разгледаат музејот. Исто така и слабовидни лица кои не можеа ништо да видат од уметноста. Им пристапив и им кажав што може сѐ да види внатре. Велеа убаво е тоа, ама да биде достапно и за нас. Така решив да се пријавам на конкурсот на Балканската музејска мрежа и три години посетував обуки од врвни експерти од Велика Британија за тоа како да се направат музеите достапни за сите попречености. Во апликацијата тогаш услов беше барем два часа да посевтуваш на пристапноста, а јас денес по цел ден се трудам тоа да го спроведам на дело“, рече Ружин.излозба 2

Членови на нејзиниот тим се м-р Јове Парговски, координатор и ИТ, Татјана Мијатовиќ изработка на тактилните слики, Владо Ѓорески текстови, Тесалија Жирова текстови на Брајово писмо, Милена Милошевич Мицич консултант, Катерина Шарковска- знаковен јазик, Силвана Петрова Насух - наратор и превод на англиски јазик и техничка подготовка на слики Кочов студио. Проектот е
поддржан и од Министерство за култура.

Слично на ова и Општина Битола ќе стане подостапна за слепите и слабовидни лица.

„Општина Битола веќе има јавна набавка за подвижна рампа на лицата со попреченост при движењето и денес ете разговаравме дека по примерот на Завод и муизеј во најмала рака она што треба да го направиеме како следен чекор е самите простории кои се наоѓаат во општинската зграда, при влезот, да бидат достапни и за лицата со попреченост на видот со тоа што со Брајово писмо ќе бидат назначени точно која просторија какви услуги нуди“, рече Петровска.излозба

MILE GINEVSKI

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани